Писмо од една бабичка: Животот не е забавата на која се надеваше, но танцувај - еден е!

Секој ден е специјална пригода да се забавуваш како да не знаеш дали ќе има утре.

pismo-od-edna-babichka-zivotot-ne-e-zabavata-na-koja-se-nadevashe-no-tancuvaj-eden-e-01.jpg

За многумина животот е трка. Трка по нова работна позиција, по идеална фигура, по нов капут... И во сето тоа лудило, не сопираме ниту за миг да погледнеме наоколу и да си кажеме: „Колку е убав животот“.

Понекогаш хармонијата по која трагаме не доаѓа и ако не научиме да живееме во мигот, животот само ќе ни одлета пред очи.

Немој да се освестите предоцна, на пример на 83 години.

Една бабичка на оваа возраст ѝ испрати писмо на една своја помлада пријателка и ѝ откри што ја научил животот:

Мила моја,

Читам повеќе и бришам прашина помалку. Седам во дворот и уживам во погледот, без да се грижам за тревите што израснале во градината. Минувам повеќе време со семејството и пријателите и работам помалку.
Во животот треба да уживаш, а не да го толерираш. Сега го сфатив тоа и започнав да го ценам.
Не штедам повеќе. Моите кристални сетови сега не ги чувам за специјални пригоди, туку ги користам секој ден. Ја облекувам мојата најубава облека кога одам на пазар. Мислам дека ако изгледам успешно, ќе умеам подобро со парите.

Не чекам некоја посебна причина за да си ставам од мојот омилен парфем. Го ставам дури и кога одам до банка или на лекар.
Веќе не го користам фразите „еден ден“ и „некогаш“. Ако нешто е вредно да се види, слушне или направи, јас сакам да го видам, слушнам или направам веднаш.
Веќе не го земам животот здраво за готово, а и ти треба да го сториш тоа. Живеј со мислата што би правела ако знаеш дека утре нема да бидеш на овој свет. Сигурно ќе им се јавиш на блиските и ќе им кажеш колку ги сакаш, можеби некому ќе се извиниш за кажаните остри зборови, можеби ќе отидеш во ресторан и ќе се почестиш со порција од твојата омилена храна.

Овие мали работи јас порано не ги правев. И навистина жалам за тоа. Се грижам дека не им кажував доволно на моите родители и сопруг колку многу ги сакав.
Престани да ја одложуваш среќата и насмевките во твојот живот. Секое утро кога ќе ги отвориш очите, кажи си дека овој ден е специјален. Секој ден, секоја минута, секој здив е прекрасен дар.
Можеби животот не беше забавата на која се надевавме, но, додека сме тука, можеме да танцуваме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg