4 кратки поучни приказни за вербата, надежта, истрајноста и довербата

Животот е постојано паѓање и станување и негување на надеж во срцето дури и кога се ви изгледа црно.

4-kratki-pouchni-prikazni-za-verbata-nadezta-istrajnosta-i-doverbata-01.jpg

Вербата, надежта, истрајноста и довербата се неопходни во секоја пригода, па тие нека ви бидат вашата ѕвезда водилка и во претстојната 2018 година.

За миговите кога се колебате, овие приказни ќе ви посочат која е нивната моќ:

За истрајноста

Еден ученик го прашал својот мудар учител:

„Учителу, што би ме советувал ако паднам?“

„Станувај!“

„А, наредниот пат?“

„Повторно станувај!“

„И колку тоа може да трае – сите тие паѓања и станувања?“

„Паѓаш и стануваш додека си жив затоа што тие што паднале и не станале се мртви“, му одговорил учителот.

За вербата

Сите жители на едно село одлучиле да се молат за дожд. На закажаниот ден сите селани се собрале на централниот плоштад, но само едно момче носело чадор. Ете тоа е верба.

За довербата

Кога си играте со своето дете фрлајќи го во воздух, тоа весело се смее затоа што знае дека ќе го фатите. Тоа е доверба.

За надежта

Секоја ноќ одиме во кревет без никаква гаранција дека следниот ден ќе се разбудиме, но и покрај тоа го навиваме будилникот. Ете тоа е надеж.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg