Нека речат што сакаат, толку и можат...

„Што те мачи повторно? Обично само тогаш сакаш да зборуваме, инаку тврдоглаво избегнуваш сè што имам да кажам и се лутиш кога ќе ти речам „нели ти реков”. Што е сега, што те мачи малечок? Знам дека повторно ќе се налутиш затоа што ти велам малечок, но јас тоа така од нежност. Иако не веруваш, слаб сум на тебе.

neka recat sto sakaat tolku i mozat

Нели е малку лудо сето ова, да зборуваш со некој кој не постои, а сепак е тука во твојата глава кога светот ја губи својата смисла. Јас и ти, двајца кои делат едно тело. Смртни непријатели во секоја одлука, а сепак толку блиски кога почнува да пука стаклото под нозете. Што те мачи сега?”

Се мијам во огледалото и го слушам звонењето на гласот во мојата глава. Зошто секогаш постоеше, да ме натера да се запрашам, да ме натера да се преиспитам. Да ме тргне нагоре, бевме ли ние единка или како што тој вели, или бевме двајца заглавени во едно тело.

Денот ми беше премногу, светот ми беше премногу, дури и луѓето и нивните зборови. Сè ми беше премногу.

Почнав да се кршам, не сакав да излезам од дома, не сакав да зборувам, сакав да бидам сам и сè да заврши. Како светот да ме натера да се откажам, западнав во депресијата наречена живот и само повторував исти работи, рутински, без да бидам среќен при нивното извршување.

Ми требаше гласот од главата, ми требаше тој, единствениот вертикален истрел со чија помош можам да се искачам повторно на врвот. Зјапав во огледалото и како некој кој се мрднал од умот, го чекав разговорот кој всушност и не постоеше, а беше толку реален.

„Што е сега? Пак ли те разочараа, пак ли се разочара, ти кажав дека не треба да бидеш толку добар со луѓето. Луѓето повредуваат, престани да веруваш дека секој има чисто срце. Светот не е толку розов како во твојата глава. Научи да кажеш не. Научи да повредиш некој друг за сопствено добро, а не секогаш да се жртвуваш. Никој нема да ти каже фала.

Каква е оваа депресија и ова затворање во себе? Погледни се. Млад, згоден, симпатичен, успешен. Постојат ли зборови што го ништат тоа? Не.

Пријателите, оние што требало да останат, ќе останат во твоја близина. Најчесто животот е етапа и губиш или добиваш, за жал тоа ти не можеш да го спречиш.

Жените во твојот живот, некои чудни, некои уште почудни, убави се средбите, можеби болни разделбите, но како ќе научиш да љубиш ако немаш доволно примероци за споредба како ќе знаеш дека од доброто има подобро, но дека има и полошо?

Кариерата и парите, дел по дел, чекор по чекор, како досега, ништо не се добива преку ноќ ако е заработено со мака и пот. Семејството ти е тука, можеби растргнато, можеби раздвоено, испарчено од животот.

Но се согласивме многу одамна во нашите разговори дека овој живот, твојот, е крпен живот. Малку тексас, малку свила, малку сомот, но што му фали, погледни баш изгледа модерно. Никој не би ни заприметил дека тоа било од недостиг на материјал.

Зошто забораваш сè она што си направил? Зошто забораваш на сите препреки кои си ги преминал и дозволуваш да те одвеат ветрови, макар и на кратко. Што е тоа депресија?

Зошто вие младите често го употребувате. Имаш сè за да го освоиш светот, а ти си депресивен, од каде таква потреба, од каде такво чувство кое не треба да го имаш во себе. Погледни се во ова огледало, свеж, жив, моќен, ти извира моќ од очите, нели забележуваш?

Зошто треба секогаш да те постсетам? Ништо не смее да те оттргне од целта и никој не смее да ти го попречи патот. Можеби крајната точка не е најправилната, но ќе знаеш дека си ја остварил и потоа само ќе придодаваш, менуваш. Ќе знаеш дека си се слушал себеси. Ќе речеш, направив тоа што сакав, што сега?

Зошто тоа намуртено лице?

Зарем забораваш, што ми кажа на последната средба? Ништо не е далеку, ако сакаш да стигнеш. Таму си, скоро до целта. Немаш причина да се сомневаш во себеси. Нека речат што сакаат. Толку и можат, само да велат. Ти ги менуваш правилата, ти ја менуваш играта.

Мој единствен совет, не биди толку мек, покажи заби, биди малку идиот, играј со луѓето како што тие сакаат да играат со тебе. Кој знае можеби на крајот ќе се изненадиш од промените кои што може да се случат.“

Се исклучи, за минута ме остави сам, во мртвата тишина. Додека паѓаа капките од лицето кои ги следев во огледалото, си помислив. Зошто воопшто дозволував да се разнишам?

Дали навистина требаше да ги изместам границите и да го променам тој дел од себеси кој ме правеше наивен, заради добродушноста. Удрив по огледалото, си помислив, пак му успеа.

Ме крена кога мислев дека тонам врзан за сидрото, му даде смисла на денот, на животот. Тој. Гласот од главата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg