Престанете да мислите дека добрите луѓе се глупави
Немојте да се залажувате. Добрите луѓе не се глупави. Токму напротив.
Често пати имаат висок коефициент на интелигенција, кој им овозможува да го видат светот приближно онаков каков што навистина е, и кој им дава сила и поттик постојано да се обидуваат макар малку да го разубават и да помогнат секому кому му е потребна помош.
И сосема јасно забележуваат и гледаат кога некој поради овие особини ги злоупотребува, исмејува, ги изневерува. Не се слепи.
Но, исто така, тие знаат дека тоа е нивната задача. Да помагаат без да бараат повратни услуги, да сакаат безусловно, дури и оние кои ни родената мајка не ги сака понекогаш. Да даваат на оние коишто немаат ништо, да ги решаваат туѓите проблеми, да им се најдат на сите оние кои се на мака и во неволја.
Проблемот кај добрите луѓе? Тоа што дури и злоупотребата и изневерувањето не може да ја убијат нивната добрина. Никогаш не може да се уништи тој порив кој го носат во себе.
Зошто е тоа така, се прашувате? Затоа што секој го дава она што го носи во себе. А овие добри луѓе со себе носат љубов, разбирање, сочувство и убавина во срцето и душата.
На овие личности кои се исполнети со вакви вредности, животот, универзумот, кармата, судбината и Бог, секогаш им враќа.
Тие можеби никогаш нема да го добијат од луѓето она коешто го заслужиле, но животот никогаш нема да им остане должен. Тој ќе „вработи“ некои други добри души кои ќе им понудат гума за пливање кога ќе се дават во водата. Некој кој ќе ги сфати кога ќе им е потребно разбирање од другите, да ги извлече од живиот песок кога одвај се држат да не пропаднат, додека размислуваат во секој момент дека е време да пуштат и да се откажат.
Светот е полн со добри луѓе, само сите се скриени во глувчја дупка, плашејќи се од дивите и злобните кои изгледа како да владеат со светот денес. Кога овие добри луѓе се кријат плашејќи се од нелуѓето, забораваат на големата вистина, дека животот го сака сè она што е добро, искрено и со треперливо срце.
Бидете дел од добрите луѓе, не од нелуѓето. Обидете се на некое време и погледнете што ќе ви се случува поради тоа.
Очекувајте да бидете изневерени и прелажани, токму од оние на кои сте им помогнале, како и од луѓето од кои никогаш не би го очекувале тоа.
Но, исто така, очекувајте и чуда! Бидејќи колку што нечовекот може да ве повреди, толку Бог, животот, судбината и кармата може да ве наградат, дури и 100 пати повеќе.
Не дозволувајте да го поминете животот во глувчјата дупка. Бидете храбри, бидејќи среќата ги следи храбрите? А животот? Тој најмногу ги сака таквите.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
(О)Милена | Црнобело