Кога жената е болна меси пита, кога мажот е болен ги вика попот и гробарот

Надвор од исклучоците, постои интересен феномен кој ја оспорува целата физичка сила со која мажите се обидуваат да ја потврдат својата доминација.

Koga-zenata-e-bolna-mesi-pita-a-mazot-gi-povikuva-popot-i-grobarot-01.jpg

Имено, силата се гледа најмногу кога некој се разболува. Таа ситуација е прилично траги-комична, особено на нашите простори.

Жената настинува, челото ѝ гори од температура, носот не престанува да ѝ тече. Секако дека таа нема никому да каже дека е болна. И самата ќе ја игнорира својата состојба.

Ќе се обиде да ја скрие ситуацијата од домашните, ќе се држи настрана да не ги разболи. Ќе си свари супи и чаеви, ќе се наоружа со сирупи и апчиња, а потајно може да отиде да прими и некоја инјекција или инфузија, доколку е навистина сериозно.

Поентата е дека нема да сподели со никого за нешто што е обична настинка која поминува за една недела со апчиња или за седум дена без антибиотици. Голема работа, нема што.

Ќе ми помине како на кутре, ќе си се утеши, додека прави ручеци и меси пита за целото семејство затоа што е добро да се препотиш кога имаш висока температура.

Искуството на мажот пак е сосема поинакво. За него настинката е трагедија, како да почнала Третата светска војна. Тој легнува во креветот покриен до брадата како некој болен Дојчин чекајќи го крајот на светот.

Се мери температура на секои 15 минути. Се варат чаеви, се прави прегорен шеќер. Се читаат дијагнози на интернет, се трупаат апчиња на масичката до него. Одвај е способен да отиде сам до тоалетот, ете дотолку му е лошо, а ние не сфаќаме.

Потоа настапува тој самосожалувачки момент заради кој не знаете дали да го гушнете или да го искарате како мало дете. Не му се живее повеќе, го исцрпи оваа пуста настинка за која дознаа сите, како домашните, така и пријателите и роднините.

Уште се јавуваат загрижени да прашаат како е со здравјето, а вие не знаете што со себеси. Тој е на работ да ги повика попот и гробарот, сериозно е, може и да се умре.

Сите имаат настинки, ама никој како оваа неговата која го покосила. И вие сте имале температура, ама не како неговата, ниту пак вашата грозница била слична со неговото препотување.

Признајте, ова е битка која ја изгубивте жени. Не знаете како е да се биде настинат и болен и точка.

Мажите се најдобрите актери во оваа игра која ја изместуваат до сите пропорции, правејќи ја тројно посериозна одошто вистински е.

Настинката конечно поминува, мажот е здрав и на нозе, главно благодарение на негата и трпението на жената. Тој е како борец вратен од војна. Има лузни, повреди и страшни приказни кои сака да ги сподели со своите пријатели и како херојски ја издржал таа температура како од истоимената песна на Цеца.

Нашиот непрежален Тоше Проески имаше сјајна песна за балканската жена. Таа е борец, таа е неуништлива. Таа е тврдо оревче, таа од ништо прави нешто, од едно две.

Таа цврсто се обидува да ги задржи солзите, а кога плаче тоа го прави кришум. Таа има срце како за 10 мажи, храброст како за цела армија.

И потребно е многу повеќе од обична настинка да ја покоси нејзината самоувереност и сила.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg