Поучна приказна по која ќе размислите дали треба да држите лутина

Еден ученик го прашал својот учител: „Толку сте мудри, секогаш добро расположени, никогаш не се лутите, како и јас да станам таков?“

pouchna prikazna po koja ke razmislite dali treba da drzite lutina 01

Учителот одлучил да му помогне и го замолил ученикот да донесе компир во една вреќа.

- „Кога на некого ќе му се налутиш и ќе се навредиш, земи еден компир, па на него напиши го името на човекот со кој си се скарал и потоа стави го компирот во вреќата.“

- „И тоа е сѐ?“, збунето прашал ученикот.

- „Не, потребно е секогаш со себе да ја носиш таа вреќа и секојпат кога ќе се чувствуваш навредено да ставиш компир во неа“, го советувал учителот.

Ученикот прифатил. Минало некое време. Вреќата се полнела со компири и станала многу тешка. Му било напорно постојано да ја носи со себе, а згора на сѐ компирите почнале да се расипуваат и да шират непријатен мирис.

Ученикот дошол кај учителот и му рекол: „Невозможно е ова да го носам со себе. Вреќата е претешка, а компирите се расипаа.“

Учителот одговорил: „Тоа истото се случува и во твојата душа. Кога на некој му се лутиш во душата ти се создава голем товар, иако тоа веднаш не го забележуваш. Потоа товарот станува сѐ поголем. Постапките се претвораат во навики, а навиките во карактер кој може да ти го направи животот тежок за живеење. Ти ја дадов можноста да го набљудуваш процесот од страна. Секој пат кога ќе се скараш, ќе те навреди некој или пак сакаш ти да навредиш некого, размисли дали тој товар ти е потребен.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg