Немам 16 раце и не ми треба твојата помош, туку да си го завршиш твојот дел од обврските

Еден од изразите кој особено многу го мразам, а и самата многу често го употребувам е: Мојот маж ми помага по дома.

Nemam-16-race-i-ne-mi-treba-pomos-tuku-da-si-go-zavrsis-tvojot-del-od-obvrskite-01.jpg

Крајно време е да се ослободиме од оваа реченична конструкција и да ја замениме со: Мојот маж си ги сработува обврските по дома.

Како тоа – ми помага? Тоа значи дека сите обврски паѓаат на мојот грб, ама ете, се нашол таков јунак и ми зема дел од товарот, а јас треба да се чувствувам крајно благословена и благодарна.

Јасно ми е зошто го нагласуваме тоа со некое потајно фалење, а другите жени нè гледаат со восхит и неретко ни завидуваат. Очигледно поголемиот дел се толку неагилни по дома што не си ги креваат ниту чорапите и гаќите од подот.

Па кога ќе слушнам – ама јас жено одам на работа, ми доаѓа да врескам. Честитки, еве од срце ти аплаудираме и ти се поклонуваме до земја што одиш на работа. 

И жените одат на работа. Со тоа што прават и ручеци и вечери и ужинки и пазаруваат за дома. Пеглаат, перат, чистат и најголем дел од обврските околу децата повторно паѓаат на мајката, затоа што знаеш „мајка си е мајка“, а јас сум одлично скроен за пред екранот кога има спортска среда. И спортска сабота. И недела.

Жените, меѓу другото, се како навиени аларми кога станува збор за: будење, заспивање, сите можни настани од двете фамилии.

Жената е тука да ги памети родендените и на нејзините родители и на родителите од сопругот, на сите внучиња од двете страни и секако – неуморно да им купува подароци на сите, бидејќи нели, маж како маж нема време да се заморува таму со „некои украсни хартии и машнички“. Тоа си е ваша, женска работа.

И изгледа како ситница и звучи смешно, ама троши толку многу време и енергија, а навистина не го гледам проблемот мажот да оди да го завитка подарокот или да ја купи тортата. Мислам, не е дека не си видел како изгледа торта, нели?

Крајно време е да престанеме да говориме како мажите ни помагаат по дома и наместо тоа да кажеме дека си го сработуваат и својот дел под заедничкиот покрив.

Затоа што не јадам ручек сама. Не носам само јас чисти и испеглани алишта. Не пречекувам само јас гости и не одам сама на гости. Не газам само јас по паркетот, не го користам сама тоалетот и не пијам само јас од чисти чаши.

Конечно, не носиш само ти пари дома, и јас ги заработувам истите. И никој не треба да му биде роб или господар на другиот.

И децата се заеднички. Не е само мое, не е „сине на мама“, туку син е на двајцата. Не е „ти знаеш најдобро со него“ па добиваш старателство едно добри 18 години.

Научи го да оди, да зборува, да јаде сам, да мочка и да кака на шолја, па после тоа дај ми го, спремен сум да бидам родител.

Родител си од првата секунда по раѓањето. Еднаков дел од домаќинството си, немаш поголеми права и привилегии од жената. Немаш право ниту на повеќе одмор. По кој основ тогаш го добиваш?

Конечно, не ми треба твојата помош, ми треба да си го преземеш твојот дел од обврските.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg