Ќе се соблечам пред тебе: Еве стојам гола, кажи ми дали те возбудувам

Сакаш да ме видиш без ништо на себе, сакаш да видиш како изгледам сосема гола, сакаш да го почувствуваш моето тело кога испушта телесни мириси при возбуда...

kje-se-soblecham-pred-tebe-eve-stojam-gola-kazi-mi-dali-te-vozbuduvam-001.jpg

И ми се допаѓаш и токму затоа ќе фрлам сѐ од себе за да ме видиш вистинската јас. Онаа без маска, онаа без наместена насмевка приготвена за јавноста, онаа без препреки да биде тоа што е.

И притоа нема да видиш ниту сантиметар од мојата гола кожа, нема да почувствуваш ниту физичко задоволство... Заборави на идејата, не сум јас од оние девојки со кои ќе имаш секс на првата ноќ, ниту во блиска иднина. Нема да се соголам така пред тебе. Ќе го сторам тоа емотивно. Ми се допаѓаш, затоа пред тебе ќе ги разголам сите мои стравови, мои желби, мои соништа, мои гледишта на животот. Ќе ја имаш привилегијата да ѕирнеш под површината.

Иако можеби на почетокот ќе бидеш разочаран што не успеа толку бргу да ѕирнеш под моето здолниште, подоцна ќе научиш да ја цениш честа што ја доби. И сам знаеш дека во градов е многу лесно да се купи секс, тешко е да се пронајде некој што духовно те возбудува. Лесните девојки и оваа ноќ нека ги задоволат твоите животински нагони ако сметаш дека не вреди да чекаш, да ме чекаш мене.

И те чувствувам... Прво мислеше дека глумам лудило дека на овие години по толку состаноци сѐ уште не спијам со тебе, но те чувствувам изгледа сфати каков тип на девојка сум. Сфати дека не сакам да те намамам да ги минуваш ноќите со мене преку најдобрите оргазми кои некогаш си ги почувствувал, туку да станеш зависен од деновите минати во разговор во мене, да се наситуваш од мојата подготвеност за борба со ветерници во животот и желба заедно да тргнеме на патување кое ќе ни го задоволи духот.

И на крајот ќе спиеме заедно... И ќе биде убаво затоа што хемијата што ја има меѓу нас не може да вроди со ништо помалку од тоа. И ти ќе знаеш каде да ме допреш, а јас ќе знам што значат твоите воздишки во дадениот миг затоа што веќе ќе се имаме запознаено на едно повисоко ниво. Веќе ќе бидеме возбудени до точка на вриење затоа што интелектуално ќе се претекнуваме и надмудруваме, искуствено ќе се надополнуваме и надградуваме, духовно ќе се пазиме и мазиме, а телесното ќе дојде само по себе како јаготка на шлагот.

Ќе се соблечам пред тебе, еве стојам речиси гола, кажи ми сега дали те возбудувам...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg