Поучна приказна за парите и вистинските животни вредности

Дури и скршени, повредени и демотивирани, вие нема да ја изгубите својата вистинска вредност.

pouchna-prikazna-za-parite-i-vistinskite-zivotni-vrednosti-001.jpg

Еден човек застанал пред голема група луѓе и во раката држел банкнота од 1.000 денари. Потоа ги прашал луѓето:

„Кој од вас ја сака оваа банкнота?“

И луѓето почнале да креваат рака. Потоа човекот рекол: „Пред да ви ја дадам банкнотата, дозволете ми да го направам следново“.

Ја земал банкнотата и ја истуткал, а потоа повторно ја кренал горе и прашал кој ја сака сега. И понатаму сите раце биле во воздух.

Потоа човекот ја земал истутканата банкнота и почнал да ја гази, па таква истуткана и нечиста, повторно ја покажал и прашал кој ја сака.

Рацете повторно биле кренати, без оглед што банкнотата била во таква состојба.

Потоа рекол: „Пријатели, мислам дека денес научивме нешто многу важно. Без оглед што направив со парите, вие и понатаму ги сакате, бидејќи и покрај сѐ тие не ја изгубија својата вредност, сѐ уште вредат 1.000 денари. И ние во животот често ќе бидеме истуткани, прегазени, повредени и на дното.

Но, и покрај тоа што ќе се случи со вас, никогаш нема да ја изгубите својата вистинска вредност. Нечисти или блескави, вие секогаш ќе бидете непроценливи, особено за оние кои ве сакаат“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg