20 работи кои треба да почнете да ги правите самите за себе
Многу од нас не успеваат да ги стават своите потреби на прво место. Поминуваме голем дел од нашите денови трчајќи да им помогнеме на другите, а нашите фамилии и нашите кариери не ни оставаат многу време за нас самите.
Никогаш не успевате да се ставите на прво место, но ако се ставате на последно место, по некое време ќе ги осетите последиците на своја кожа.
Важно е да се грижите за самите себеси. На крајот на краиштата, како би можеле да се грижите за другите ако немате самите вие енергија?
Ако сакате вие самите да си бидете приоритет, треба да почнете да ги ставате вашите потреби на прво место.
Еве 20 работи кои треба да започнете да ги правите веднаш:
1. Престанете да кажувате „Да“, кога всушност мислите „Не“.
2. Престанете да си ја трошите енергијата и времето на луѓе кои не ве заслужуваат.
3. Почнете да бидете искрени самите со себе за тоа како навистина се чувствувате.
4. Направете вашата среќа да ви биде врвен приоритет.
5. Престанете да правите изговори за другите и за вас самите.
6. Немојте да си правите самите на себе притисок за носење на важни одлуки.
7. Поминувајте време со луѓе кои прават да се чувствувате убаво.
8. Немојте да се плашите да го кажете тоа што навистина го мислите.
9. Престанете да се натпреварувате и да се споредувате со другите.
10. Живејте во сегашноста и престанете да посакувате работите да се поразлични.
11. Простете си самите на себе за грешките од минатото.
12. Слушајте му и верувајте му на вашиот внатрешен глас и интуиција.
13. Направете си листа на цели и давајте мали чекори кон тие цели секој ден.
14. Кажете „Да“, на нови возбудливи работи кои ќе ве направат среќни.
15. Најдете време за вашето хоби.
16. Престанете да наоѓате изговори за работи кои сакате да ги правите.
17. Фокусирајте се на работите кои ги имате и бидете благодарни.
18. Престанете да се грижите за работите кои не можете да ги контролирате.
19. Немојте да играте улога на жртва, преземете одговорност за вашиот живот.
20. Фокусирајте се на решенија, наместо да дозволите да ве уништат проблемите.
М. М. | Црнобело