Мудра приказна од животот

Ова е приказна за двајца пријатели кои оделе низ една пустина.

 mudra-prikazna-od-zivotot-001.jpg

По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено, но молчејќи напишал во песокот:

Денес добив удар од мојот најдобар пријател

Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот.

Кога дошол при себе, изрежал на еден камен:

Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!

Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал:

Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?

Пријателот му одговорил:

“Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!“

Научи се раните да ги запишуваш во песок, а среќата да ја изрежеш во камен!

Велат: Потребна е минута за да пронајдете посебна личност, час за да почнете да ја цените, еден ден за да ја засакате, но цел живот за да ја заборавите!

 

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg