Малку мудрост за убав ден

Малку мудрост никогаш не е на одмет. А, драго ни е што полека, но сигурно, ни се множат мудростите. 

 malku-mudrost-za-ubav-den-001.jpg

Ова се уште неколку кои можеби ќе ви го разубават денот или ќе направат да си ставите прст на главата.

  • Кога човек ќе впери прст кон некого, би требало да има во предвид дека останатите четири се вперени кон самиот него.
  • Повеќето од нас можат да ги прочитаат пораките на ѕидот, само што претпоставуваме дека се наменети за некој друг.
  • Најдеструктивна мисла што некој може да ја има е дека не го контролира сопствениот живот. Тоа е онаа состојба кога „Зошто јас?“ е песната која постојано се врти.
  • Одговорноста е како клопче, можеме да ја видиме само средината. Двата краја се невидливи.
  • Волјата да се прифати одговорноста за сопствениот живот е изворот од каде потекнува почитта.
  • Одговорност: Товар кој лесно преминува на рамењата на Бог, Судбината, Случајот, Среќата или соседот. Во време на астрологијата, вообичаено беше да се префли на некоја ѕвезда.
  • Играта на животот е како игра на бумеранг. Нашите мисли, дела и зборови ни се враќаат порано или подоцна, со неверојатна прецизност.
  • Не мораш да бидеш голем за да започнеш нешто, но мора нешто да започнеш за да станеш голем.
  • На долги патеки, човекот го погодува она кон кое што цели. Затоа, подобро е да се цели кон нешто високо.
  • Не само што го користам сиот свој ум, туку и оној кој можам да го позајмам.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg