Постојат златни луѓе...

Има луѓе на кои среброто никогаш не потемнува. Има луѓе на кои златото потопло сјае. Има луѓе кои ги знаат одговорите на сите ваши прашања, колку и да се тешки.

postojat-zlatni-lugje-1.jpg

Нив можете да ги прашате зошто небото е сино и зошто дрвјата растат толку високо, каде патуваат реките, кој нè обоил нас и од каде им се имињата на цвеќињата.

Нив можете да ги прашате каде спие сонцето и каде се кријат древните градови, зошто не можете да го одвоите млекото од чајот и повторно да бидат како претходно, пред да се промешаат?

Нив можете да ги прашате зошто растеме, зошто учиме, зошто понекогаш се чувствуваме толку раздразнето и тажно.

Зошто сонуваме?

Кој ги создаде облаците и ѕвездите, броевите и буквите, планините и морињата?

Зошто луѓето создаваат па рушат? Па, повторно градат од почеток?

Не верувате?

А, се чувствувате ли барем понекогаш, додека сте во близина на некои луѓе, пријатно, паметно, духовито, полни со знаење? Предизвикуваат ли некои други луѓе непријатност во вас, од која би сакале да се оддалечите, да побегнете од нив, или само да се расправате со нив бидејќи ве лутат, а не знаете зошто?

Да, постојат и сето ова е вистина.

Има луѓе кои го поттикнуваат она најдоброто во другите, само тие луѓе не секогаш се откриваат на прв поглед. Тие не сакаат да носат ниту злато, ниту сребро, едноставно, по ништо не се истакнуваат од останатите. А, сепак го прават животот поубав, посветол, поисполнет.

Понекогаш можеме да ги препознаеме по луѓето со кои се опкружени, по насмевката на нивните лица, по среќните приказни и песни. Во нивна близина нема лутина и грди зборови. Опкружени се со добрина, а никој не знае како. Тие ги учат другите како да живеат, како да се радуваат, како да сакаат.

И се викаат златни луѓе.

Секој некогаш сретнува по еден златен човек, без за тоа да е свесен. Но, трагот од тоа среќавање останува. Ќе го препознаете по очите кои сјаат и по насмевката која останува на лицето, по убавото, смирено и исполнето чувство на среќа во градите.

Побарајте ги златните луѓе... тука се... околу нас...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg