6 менаџмент лекции кои секој треба да ги знае
Старите приказни постојат за да нè учат на многу работи. Не само општо за животот, туку и на некои основни менаџмент лекции кои вреди секој да ги знае.
Пример, овие 6 лекции ќе се најдат на секој менаџер, но и работник:
Лекција број 1:
Маж влегува да се тушира, додека неговата сопруга завршува со туширање. Некој ѕвони на врата. Жената брзо се покрива со пешкир и се симнува да отвори. На врата е соседот Марко.
Пред да каже било што, Марко ѝ се обраќа: „Ќе ти дадам 8.000 денари за да го фрлиш пешкирот“. По кратко мислење, жената го фрла пешкирот и потоа ја затвора вратата.
Враќајќи се кон спалната, сопругот ја прашува: „Кој беше?“. „Соседот Марко.“ - изјавува жената. „Ти кажа нешто за 8-те илјади денари кои ми ги должи?“.
Што можете да научите? Ако критичните и важните информации ги споделите навреме со вашите акционери, ќе бидете во позиција да избегнете дополнителен ризик.
Лекција број 2:
Свештеник се понудил да вози монахиња. Кога влегла во автомобилот, монахињата ги прекрстила нозете и ја открила едната нога. Свештеникот за малку избегнал сообраќајна несреќа.
По враќање на автомобилот на патот, свештеникот ја ставил раката на ногата на монахињата. „Оче, се сеќавате на Псалмот 129?“. Свештеникот ја тргнал раката.
Менувајќи брзина, повторно се обидел да ја допре монахињата за нога. „Оче, се сеќавате на Псалмот 129?“ - повторно прашала монахињата. Свештеникот на крајот се откажал од своите обиди.
Кога пристигнале во црквата, свештеникот решил да го прочита псалмот кој монахињата постојано му го спомнувала.
Еве што вели: „Одете напред и барајте, некаде нагоре, ќе најдете слава.“
Што можете да научите? Ако не сте добро информирани, можете да пропуштите многу големи можности.
Лекција број 3:
Продавач, администратор и менаџер шетале за време на паузата кога наишле на антикварница со ламба која крие џин кој исполнува желби. Џинот им рекол дека на сите ќе им исполни по една желба.
„Јас сум прв!“ - кажал администраторот и избрзал да ја каже својата желба. „Сакам да живеам на Бахамите, да возам мотор на вода и за ништо да не се грижам.“.
„Јас сум следен“ - изјавил продавачот. „Сакам да живеам на Хаваи, да се релаксирам на плажа со лична масерка и да имам бескрајна количина на пинаколади и љубовта на мојот живот покрај себе.“.
„Океј, уште ти остана“ - се обратил џинот на менаџерот.
„Сакам и двајцата да се вратат на работа после ручек“ - побарал менаџерот.
Што можете да научите? Првиот збор треба секогаш да биде на шефот.
Лекција број 4:
Орел седел на дрво и се одморал. Не правел ништо.
Мал зајак поминал и видел како орелот се одмора и решил да го праша: „Може и јас да седам како тебе и ништо да не правам?“
Орелот одговор: „Да... Зошто да не?“
Па, и зајакот решил да седне на земјата, да одмори и да не прави ништо. Но, поминала лисица и го изела.
Што можете да научите? За да седите и ништо да не правите во животот, морате да биде на многу, многу висока позиција.
Лекција број 5:
Мисирката која живеела на фарма заедно со бик, еден ден решила да се изјасни: „Би сакала да се качам на дрвово, ама немам доволно енергија“.
„Епа можеш да јадеш од она што излегува од мене ако сакаш. Преполно е со корисни материи од кои ќе имаш енергија“ - изјавил бикот.
Првиот ден, мисирката изела доволно за да се качи на првата гранка. Следниот ден на втората, а третиот и на последната гранка.
Но, поминал ловџија и ја убил.
Што можете да научите? „Лижењето“ може да ве однесе многу високо, ама нема да ве задржи таму.
Лекција број 6:
Малечка птица летала кон југот за таму да ја помине зимата. Но, било толку многу ладно што премрзнала и наеднаш паднала на големо пространо поле.
Крава поминала и случајно завршила работа врз пилето. Пилето се изнервирало, ама многу брзо потоа сфатило дека му е топло и решило да си остане таму да ужива и да пее.
Песната ја слушнала мачка која решила да провери, да дојде поблизу и да проучи што се случува.
Кога ја видела птицата, мачката веднаш ја откопала и ја изела.
Што можете да научите?
Прво, не секој кој ве критикува е ваш непријател.
Второ, не секој кој ве вади од проблемите е ваш пријател.
И трето, кога сте до глава во обврски, најдобро е да молчите и да работите.
Н. Г. | Црнобело