Добри работи кои можете да ги направите уште денес

Промените во животот не мора секогаш да бидат големи и драстични. Еден мудар човек рекол: „Дури и патот од илјадници километри започнува со еден мал чекор.“

Dobri-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-uste-denes-01

Затоа воведете ги овие 10 мали ситници во вашиот живот и видете како тој се менува на подобро.

1. Ставајте појас додека се возите

Ова не ве чини ништо, одзема само две секунди од вашето време, а ги намалува шансите за повреда доколку доживеете сообраќајна несреќа. Внимавајте децата да бидат соодветно врзани дури и ако се возите само до локалната продавница. Статистиките покажуваат дека е поверојатно да имате несреќа во круг од еден километар од својот дом, отколку на поголема оддалеченост.

2. Појадувајте

Тоа може да биде само банана или јаболко - важно е нешто да внесете во организмот. Без појадок, многу е веројатно дека веќе во 11 часот претпладне ќе се одлучите за мрсни крофни. Не дозволувајте прескокнувањето на појадокот да ви стане лоша навика.

3. Избегнувајте ги канцелариските трачеви

Секако дека е тешко да се избегнат шепотењата и дофрлањата на работа, особено кога голем дел од времето го поминувате таму. Но имајте на ум дека трачарењето сигурно нема да ви помогне да бидете поефикасни. Единствено што може да направи е да ги влоши работите.

4. Вежбајте

Дури и прошетка од десет минути е подобро од седењето пред телевизор или компјутер. Истражувањата покажуваат дека интензивното одење во времетраење од само 10 минути на ден, го намалува ризикот од срцев удар, дури за 50%.

5. Намалете го внесот на кофеин

Премногу кофеин може да го зголеми крвниот притисок, а под влијание на кофеин телото губи многу течности. Заборавете на бесконечното пиење кафе додека сте на работа. Внимавајте колку кафе внесувате дневно и обидете се да ја намалите таа количина. Особено избегнувајте кофеин навечер, за да можете помирно да спиете.

6. Прегрнете ги своите деца и миленичиња

Секојдневните нежности и прегратки, на децата ќе им покажат колку ги сакате и ќе ги намалат потенцијалните проблеми кои би можеле да ги имате со нив во иднина.

И прегратките со домашните миленичиња имаат благотворно дејство. Некои истражувања покажале и дека секојдневното гушкање на вашето милениче, може да го намали крвниот притисок.

7. Добро исчистете ги забите

Детално. Тоа не значи само брзо четкање наутро, туку и со редовна употреба на дентален конец, кој помага да ги исчистите и тешко достапните места. Со тоа не само што ќе имате блескава насмевка, туку ќе ја намалите шансата за појава на инфекции и ќе ги намалите посетите кај вашиот стоматолог.

8. Закажете го лекарскиот преглед кој постојано го одложувате

Без разлика дали се работи за стоматолог, гинеколог, психолог или доктор од некоја друга област, веројатно оваа посета ја одолговлекувате подолго време. Затоа јавете се и закажете преглед уште денес. Со самото закажување, сте завршиле половина од работата. Се разбира, попожелни се редовните прегледи кои може да го спречат настанокот и на поголеми здравствени проблеми.

9. Бидете пристојни кон другите

Доколку не сте расположени и имате лош ден, тешко е да бидете човечни, насмеани и пристојни. Сепак, обидете се да ги намалите негативните емоции и немојте кон луѓето да се однесувате непријателски. Пристојноста ги отвора сите врати, па сигурно многу повеќе ќе постигнете доколку се однесувате убаво.

10. Најдете си издувен вентил

Пронајдете нешто што ви годи. Било да се работи за вежбање, добра книга или масажа - секој ден правете некоја добра ситница за себе во која целосно ќе уживате.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg