Поемата на Чарли Чаплин: „Откако почнав да се сакам себеси...“

Постои поема за која сме сигурни дека ќе допре длабоко до вашата душа, а можеби и ќе разбуди бесна бура. Тоа е прекрасното дело на Чарли Чаплин.

carli-caplin-otkako-pocnav-da-se-sakam-sebesi-01.jpg

Еве што вели тој: 

Откако почнав да се сакам себеси, открив дека болката и емотивното страдање се само предупредувачки знаци, дека живеам против сопствената вистина.

Денес знам, ова е автентичност.

Откако почнав да се сакам себеси, сфатив колку можам да повредам некого, кога ги притискам моите желби на таа личност, иако знам дека не е вистинско време, ниту пак, е подготвена за тоа. А, таа личност, бев јас.

Денес тоа го нарекувам почит.

Откако почнав да се сакам себеси, престанав да посакувам поинаков живот и можев да согледам дека сè што е околу мене, ме повикува да растам.

Денес тоа го именувам како зрелост.

Откако почнав да се сакам себеси, разбрав дека во секоја ситуација, јас сум на право место и во вистинско време, како и дека сè се случува во вистинскиот момент, па да можам да бидам смирен.

Денес тоа го нарекувам самодоверба.

Откако почнав да се сакам себеси, престанав да го крадам своето време и да креирам големи проекти за иднината. Денес го правам само она што ми носи радост и среќа. Работи кои сакам да ги правам и заради кои ми потчукнува срцето, а ги правам на свој начин и по сопствен ритам.

Денес тоа го нарекувам едноставност.

Откако почнав да се сакам себеси, се ослободив од сè што не е добро за моето здравје – храна, луѓе, работи, ситуации и сè друго што ме повлекува надолу и далеку од себе. На почетокот викав дека тоа е здрав егоизам.

Денес знам дека тоа е љубов кон себеси.

Откако почнав да се сакам себеси, престанав да се трудам секогаш да бидам во право и оттогаш, па навака, помалку грешам.

Денес дознав дека тоа е скромност.

Откако почнав да се сакам себеси, одбив да живеам во минатото и да се грижам за иднината. Сега, живеам само за сегашноста, каде сè се случува моментално.

Денес живеам секој ден, од ден за ден, и тоа го нарекувам исполнетост.

Откако почнав да се сакам себеси, препознав дека умот може да ме вознемири и да ме разболи, ама кога се поврзав со срцето, умот стана вреден сојузник.

Денес тоа го нарекувам врска со мудроста на срцето.

Повеќе не се плашам од расправии, конфронтации или било каков друг проблем со самиот себе или другите. Дури и ѕвездите се судираат, а од тоа се раѓаат нови светови.

Денес знам дека тоа е животот!

Љубовта кон себе може да донесе исцелување и трансформација, онака како што го покажува тоа и поемата на Чарли Чаплин, ова прекрасно уметничко дело.

Неговите моќни зборови исполнети со вистина и интензивни емоции го повикуваат секој читател да се запраша: „Дали навистина сакам кој сум и што сум и што станувам?“.

Неговите реченици се повик до сите нас, да вдишеме длабоко и да погледнеме во најблиското огледало за да откриеме што навистина значат неговите зборови и колку важат за нас.

Погледнете длабоко во себе и во светот околу вас.

Дали имате погрешни перцепции? Дали имате погрешни ставови? Колкава ви е самодовербата? Дали некои убедувања ве ограничиле и спречиле да го живеете животот во полн капацитет?

Зборовите на Чарли Чаплин на брилијантен начин го опишуваат патешествието низ кое минува секој човек додека се открива себеси и учи да се прифати онаков каков што е.

Тој како да ги опишува чекорите кои се потребни за вистински да го искусиме животот со сета негова слава.

Почитувајте ги сите делови од себе, посебно оние кои се уникатни и вистински посебни.

Славете го секој ден, без разлика на тоа со какви предизвици и тестови сте соочени.

Еволуцијата која се случува во нас, однатре и однадвор, се случува тогаш кога ќе прифатиме сè што ни се случува и кога ќе сфатиме дека нашиот живот е само дел од еден поголем план на универзумот.

Не постои искуство кое не сме способни да го надминеме кога веруваме во сопствените способности и нашата цел на овој свет.

Дозволете оваа мудрост да ве води до животот кој длабоко во себе, знаете дека го заслужувате.

Сакајте се себеси и продолжете да се движите нанапред.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg