Не те нервира загадувањето и улиците со дупки, колку немањето бројче од омилените чевли?!

Еволуиравме во нација на која не ѝ е гајле за ништо. Дали од мрза, страв или срам, едноставно немаме никакви ставови или не сакаме да го кренеме гласот за ништо. Ни стана некако сеедно. Неудобно вклопчени во нашите животчиња си мижуркаме и молчиме пред неправдите. Се преправаме или се тешиме со познатите: Има и бетер, Може и полошо ... навистина, може ли да биде полошо?

greska-vo-chipot-ne-te-nervira-zagadauvanjeto-i-ulicite-polni-dupki-kolku-nemanjeto-brojce-od-omilenite-cevli-1.jpg

Главниот одбранбен механизам ни е молчење и кревање раменици. Заблагодарување онаму каде што те маваат со стапови и камења.

Воздржани насмевки онаму каде што те плукаат и понижуваат. Пасивност која си ја влечкаме како стари чевли кои пропуштаат вода и иако знаеш дека нозете ти мрзнат и гнијат, ти не се откажуваш од носењето.

Тука е и групата со некој зен блажен израз на лицето која е вечно насмеана и те убедува дека не треба да се нервираш, што се решило на светов со нервоза и негодување и кревање глас? Ништо. Молчи си, ќе помине.

Многу сакам да знам како е да се живее во тој свет.

Оп, писмо од извршител, не се нервирам, има и полошо. Сигурно сум го заслужила. Тука ми велат дека немам платено една сметка пред 4 години, брзо да ја платам, да си скратам од нервозите.

Улицава е полна дупки, нема проблем, ќе ги избегнам, хехе. Во училиштето на моето дете нема тоалет и сапун, па ќе му купам де, што е надлежно училиштето за тоа. Не ги преиспитувам овие одлуки, само си кратам од нервозите де. Загадено е - епа како за сите, така и за тебе, што можеш да сториш?

Овие работи не заслужуваат внимание, дебата, нервоза. Од друга страна, тоа што нема кадифена наметка бројче М или фактот што не те собира во бројче М заслужува 10-минутна хистерија. Фактот што веќе се продале некои чевли што многу си ги бендисала е причина за блага депресија.

Улицата полна дупки не може да ти го уништи денот, ама продажбата на чевлите со кои сакаше да газиш по неа, е тоа е реална причина за незадоволство.

Помирени со судбината, така сакало да биде, живееш онаму каде што е срамно да викнеш и да се побуниш. Па, немо си ги голташ зборовите и се смешкаш со некоја лажна, вештачка замрзната насмевка, додека секојдневието те премачкува со сивило.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
Мајсторот го викам за поправка, а не да го угостувам – зошто веќе ми е страв да почестам со кафе и р... Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши ра...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg