Потребни се многу падови за да ја извозиш совршената патека

Беше петок, навидум обичен ден во кој ништо ново не би се случило. Седев на клупата и во ракавиците држев топол чај од кој излегуваше пареа поради температурната разлика помеѓу површината на чајот и атмосферскиот воздух.

potrebni-se-mnogu-padovi-za-da-ja-izvozis-sovrsenata-pateka-01

До мене седна човек кој го гледав како се учи да скија во подножјето на планината, нервозно ги лупна скиите од земјата и извади цигара за да ја отуѓи нервозата.

„Немој пријателе, зарем тука на овој чист воздух ќе палиш цигара?” - реков јас со смирен тон, нетргнувајќи го мојот поглед од чашата со чај.

„Знаеш што ми е криво пријaтеле, што цел живот  не сум знаел да ја спознаам оваа убавина. Моите не беа многу авантуристи, па оттука и јас никогаш немав прилика да научам да скијам, сега мора да го правам тоа на стари години. Сите тука возат совршени патеки, само јас паѓам одново и одново без да можам да стигнам до крајот на патеката.”

„Ти мислиш дека ние од прв пат сме успеале да ги возиме тие совршени патеки, зарем мислиш дека јас не сум се нашол со лицето во снегот, заглавен со кондурите во скиите, без да можам да се одглавам?

Ако мислиш така, многу се лажеш пријателе. Скијањето е исто како животот, возбуден си додека се качуваш со жичарата до врвот. Не знаеш што те чека, пред тебе е само снегот и рамнотежата која ја контролираш со твоите две нозе и две раце. Не знаеш што може да биде ако прв пат застануваш на скиите, дали ќе стигнам до долу без да се повредам, дали воопшто ќе стигнам без да ми се случи нешто лошо?

Нели те потсетува на нашиот живот, тргнуваш и паѓаш еднаш, двапати, стопати, телото ја впива водата, но стануваш пробуваш пак, се обидуваш да го дадеш својот максимум за да стигнеш од една точка до друга.

Најважно од сè е да се опуштиш, да се препуштиш, да сфатиш дека тоа е дел од самиот процес. Кога ќе го олабавиш телото ќе се потпреш самиот на себе, ќе ја најдеш рамнотежата во твојата душа и ќе заборавиш на стравот, ќе видиш дека падовите ќе бидат сè поретки. Немој да мислиш дека нема да ги има, но ќе бидат сè поретки.

Така е и со животот, треба многупати да паднеш за да можеш да ја извозиш твојата соврешена патека без падови”.

Тој ме гледаше збунето, цигарата не ја запали, ја врати во кутијата, ги качи скиите на рамото и тргна одново, до крајот на денот го набљудував неговиот обид да остане на нозе кога брзината ќе се покачи. На крајот на денот успеа да стигне од врвот до крајот на планината, со многу несигурни движења, но на нозе, без неговото лице да се сретне со снегот.

Кога се сретнавме таму долу, ми се насмевна и рече „Ова навистина е аналогно на животот, утре ќе биде многу подобро”. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg