Посакувам сите наши разговори да се како оние во 2 часот наутро...
Кога само нашите разговори би биле како оние кои ги имаме во 2 часот наутро...
Кога светот беше мирен...
А, нашите срца отчукуваат силно и гласно.
Посакувам сите зборови кои ги делиме да се искрени,
Како и оние кои случајно излегуваат од нашите усни.
Во почетокот на утрата.
Го посакувам тоа затоа што е 2 часот наутро,
Време кога нашето човештво е склоно да ги отпушти кочниците.
Да се покаже во својата искрена форма...
2 часот наутро е времето кога си дозволуваме некој да не види во целост.
Со сите наши „грди“ и мрачни страни.
Без страв.
Тогаш сме најубави и подготвени за љубов.
Ама искрено,
Единствено нешто кое посакувам да го доживеам ова утро е да го поминам со тебе.
Н. Г. | Црнобело