Шеги за мажите (3)
И, како да нема крај на шегите за посилниот пол! Нашите читателки сигурно ќе го најдат интересно и третото продолжение од шегите за мажите.
Секако, добредојдени сте да додадете некоја ваша доколку недостасува.
1. Тој: Незнам зошто носиш градник кога немаш што да ставиш во него...
Таа: Па, и ти носиш гаќи, зарем не?
2. Тој: Ајде вечер да ја смениме положбата...
Таа: Добра идеја! Ти застани кај даската за пеглање, а јас ќе седнам на каучот!
3. Тој: Каде ги потроши сите пари кои ти ги дадов за храна?
Таа: Сврти се и погледни во огледалото!
4. На ѕидот на женското ве-це пишува: Мојот маж ме следи насекаде!
Под тоа со друг ракопис: Ма, не ја следам...
5. Како мажот прави планови за иднината?
Купува две гајби пиво место една!
6. Зошто вицевите за плавуши се толку кратки?
За да можат мажите да ги запомнат!
7. Зошто е тешко да се најде чувствителен, грижлив и убав маж?
Сите такви веќе имаат дечко!
8. Која жена знае каде и е мажот?
Вдовицата!
9. Што е заедничко за мажите во баровите за самци?
Сите се женети!