Драга 2017-та, пружи ни надеж, љубов и сè она што 2016-та не ни го даде
Се надевам дека ќе бидеш година исполнета со смеа, а не полна солзи и каење. Се надевам дека ќе ни донесеш многу подароци, но не оние материјалните. Се надевам дека ќе донесеш многу пријатели и добро друштво.
Се надевам дека ќе бидеш полна со лекции. Оние заради кои ќе ми се промени погледот на светот, заради кои јас ќе останам скромна и приземјена. Се надевам дека твоите лекции ќе останат со мене и во текот на следните години.
Се надевам дека ќе ми донесеш многу квалитетни пријателства. Не оние со кои ќе се споредувам, туку оние кои се искрени и топли. Се надевам дека ќе ме однесеш до луѓето кои ме сакаат и подигнуваат кон височините, а не ме спуштаат надолу.
Се надевам дека ќе бидеш преполна со возбуда. Но, се надевам дека ќе ми дадеш и денови на тага, заради кои ќе бидам благодарна за среќните денови.
Се надевам дека на сите ќе им дадеш шанса да имаат подобар живот. Можност да се борат и да ги раскажат своите приказни на оние кои слушаат. Се надевам дека сите ќе имаат шанса да работат напорно за она што го сакаат.
Се надевам дека ќе бидеш нежна, кога ќе направам грешка. А, сигурно нешто ќе тргне наопаку. Се надевам дека ќе ми пружиш повеќе трпение и љубов за мене и моето тело.
Се надевам дека ќе ми го донесеш љубов каква одамна посакувам. Полна со бакнежи од кои ќе имам пеперутки во стомакот, но и прегратки од кои ќе се чувствувам безбедно.
Се надевам дека ќе бидеш полна со нови можности. Нови искуства од кои ќе блеснам од гордост. Се надевам дека ќе бидеш полна со нови почетоци, простувања и извинувања.
Се надевам дека ќе бидеш полна со почит и љубов, а не омраза и незнаење. Се надевам дека ќе имаш разбирање за сите луѓе без оглед на бојата на кожата, религијата или сексуалната определеност, и се надевам дека светот ќе се ослободи од секакво насилство.
Се надевам дека светот ќе се исполни со љубов и разбирање. И што е најважно, се надевам дека ќе ни дадеш надеж.
Се надевам дека овој свет ќе биде преполн прекрасни луѓе и грижливи поединци кои сакаат да си помагаат едни на други. Се надевам дека ќе ни ја дадеш љубовта што толку очајно ни е потребна. Се надевам дека ќе ни ги донесеш најдобрите денови од нашиот живот.
Се надевам дека ќе бидеш сè она што 2016-та не беше.
Н. Г. | Црнобело