Живеј го животот во полна пареа, без оглед на тоа што зборуваат другите

Цел мој живот го поминав во сенка мислејќи дека промените нема да се случат, верувајќи дека мојот живот е константна функција без возбудливи промени. Не знам што ме натера, но застанав и ги погледнав зениците на човекот во огледалото. Имаше нешто необјасливо, во тој момент за првпат се видов себеси, колку и да звучеше тоа смешно.

metamorfozata-e-mozna-samo-ako-vie-ja-posakate-01

Почнав да се менувам, после сите темни ноќи кои ги поминав сам. Престанав да бидам будалата која не сака да си даде прилика да живее. Зошто не го знаев тоа порано?

Ја потстрижав косата, се облеков во стил за кој порано не можев ни да помислам. Беше тоа чекор од мојата промена. Седнав во кафулето покрај кејот, седев сам.

Не ми пречеа погледите од случајните минувачи кои се потсмеваа на моето самување. За првпат во животот не ми беше грижа што ќе кажат. Погледот ми бегаше во далечините, патуваше преку крилјата на охридскиот галеб некаде далеку до планините, преминувајќи го кристално синото езеро во кое се рефлектираа белите облаци.

Се прашував зошто не го направив тоа порано, зошто дозволив да се затворам во себе?

Зошто дозволив нивните зборови да ја нарушат мојата самодоверба, мојот интегритет во општеството и да го загорчат мојот живот, кога сите мои квалитети го можеа спротивното? Зошто не можев сега да се вратам и тоа да си го раскажам себеси?

Сите тие кафиња кои не ги испив, сите тие забави на кои никогаш не се појавив, сите тие девојки на кои немав храброст да им пријдам, целиот тој свет кој го пропуштив, како да не сакав да живеам. Зошто она што го имав во главата беше послабо од клетите јазици на општеството?

Колкумина како мене секојдневно се гушеа, борејќи се со истиот проблем?

Во моментот ми доаѓаше да вриснам, да преплива мојот глас по малите бранови на езерото, да удри во планината и да се одбие ехото за да слушнат сите.

Будалата која ја знаевте се менува, не е повеќе сенка на себеси, ќе биде подобра од некогаш.

Тој човек чија душа беше неправедно растргната се менува, секојдневно, уживајќи го животот.

Не го плашат зборовите на злонамерниците, ниту пак неговите маани, тој се запозна себеси.

Сфати дека она што го носи во себе треба да биде презентирано во светот и дека општеството губи ако тој не ја добие битката со светот. Неговата душа почна да се менува и да облагородува сѐ што ќе допре наоколу. Кафињата добија смисла, луѓето беа поинтересни кога ќе им прозбориш и девојките знаеја да се насмеат на неговиот хумор.

Можеби е тешко да се поверува но секој ја доживува својата метаморфоза, откако ќе ја одбере соодветната еволуција. Човекот на кој му препишавте самоуништување се менува, излезе од сенка и е подготвен да го живее животот со полна пареа, без разлика што другите ќе коментираат за тоа негово живеење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg