Кога стана срамота да живееш и заработуваш чесно?

Со нашето постоење, работите постојано се менуваат и она што вчера било прифатливо, денес е сосема погрешно или обратно.

koga-stana-sramota-da-zivees-i-zarabotuvas-cesno-1.jpg

Додека растев бев учен на некои морални норми, до кои строго се придржував, бидејќи по она што ми беше кажано, тоа беше патот за јас да станам вистински човек. Пат кој учеше на соживот, неосудување, верба во сопствените постапки и она најважното, да не се срамиш од чесно заработените работи кои доаѓаат во животот.

Но, со текот на времето многу работи се променија, како резултат на едно модерно општество и работите кои јас ги знаев како правилни, денес станаа предмет на исмејување од многумина.

На денешно време е срамота да работиш келнер и чесно да си ја заработуваш дневницата со која или ќе го платиш петочното излегување или можеби ќе собираш за да си ја исплатиш ратата за квотата на факултет.

Затоа честопати додека работев ми се случуваше да слушнам непристојни коментари кои ме навредуваат мене и мојата интелигенција од луѓе кои не оствариле ништо во животот, туку имале среќа да се родат богати или нивните секојдневно да им даваат пари за тие да можат да трачарат и да навредуваат келнери по кафулиња.

На денешно време, особено во машките друштва, срамота е да се однесуваш добро кон женскиот пол бидејќи по сите убедувања треба да „ќариш“ некоја само за една вечер, да ги задоволиш своите потреби и тоа тука да заврши.

Ако си во врска срамота е да бидеш верен и да ја сакаш со целото свое срце твојата избраничка, бидејќи другарите ќе ти солат памет дека животот е еден и тој мора да се изживее до максимум, а според нив тоа подразбира што поголем број на „легнати“ женски тела.

На денешно време, особено во женските друштва срамота е да бидеш девица после 14-та година, бидејќи по сите убедувања онаа која не сака да го стори тоа тогаш е „заостаната“, не може да си најде партнер и најчесто завршува како отфрлена од друштвото.

Многумина забораваат дека тоа е лично искуство кое треба да се случи тогаш кога девојката е подготвена и чувствува дека е вистинското време, а не да избрза за да биде кул во друштвото и потоа да се кае целиот свој живот за избрзаната постапка.

На денешно време, особено во училишните клупи, срамота е да учиш и да знаеш, бидејќи автоматски ќе ти биде залепен прекарот бубалица, а со тоа правопропорционално опаѓа твојата популарност во училиштето, бидејќи кул момците или кул девојките не смеат да бидат бубалици.

Луѓето се срамат да вложат во себе и да бидат најдобри во одредена област, стремејќи се кон некои други вредности кои во моментот носат одредена популарност која со текот на времето ќе исчезне.

На денешно време е срамота да не излезеш за време на викенди и да бидеш крајно пијан, оној кој не го прави тоа автоматски не знае да живее. Децата, особено средношколците знаат да бидат груби кон своите соученици, без да знаат која е вистинската причина зад сето тоа.

Има многумина кои мора да работат, ама не го кажуваат тоа бидејќи се срамат. Многумина ги чуваат своите браќа и сестри додека нивните работат трета смена, а некои имаат и болна баба или дедо на кои им пружаат нега во викендите, но се срамат тоа да го кажат во друштвото.

Многу правилни работи се предмет на исмејување, бидејќи другите или не можат или не сакаат да сфатат.

Едноставно е тешко да им се објасни причината која се спротивставува на нивните мисли и замисли и затоа честопати многумина кои постапуваат правилно се исмејувани како луѓе кои прават нешто срамно, иако го прават само она што во тој момент е правилно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg