Кога ќе се омажиш, не значи дека си успеала во животот

Година – 2016. Сакаме да се правиме понапредни одошто вистински сме.

Mozes-da-se-omazis-so-polovina-mozok-no-ne-i-da-imas-kariera-01.jpg

Ја славиме илузорната рамноправност меѓу половите, го славиме феминизмот и сè уште паѓаме во несвест кога ќе слушнеме дека некоја девојка ќе се мажи.

Бидејќи тоа е врвното достигнување кое предизвикува поголемо внимание од сè останато – да се омажиш.

Веројатно го читате ова и си помислувате – еве ја, огорчена кокошка полна гнев, криво ѝ е затоа што не е мажена. Погрешно драги луѓе.

Веќе го свртев невестинското оро и изгубив драгоцено време и нерви околу тривијални работи како бојата на бонбончињата што ќе одат со тортата.

Еве што ми е поентата. Кога дипломирав, ми се јавија само бабите и дедовците да ми честитаат.

Кога се вработив, ми се јавија бабите, дедовците и тук-таму по некој од роднините.

А кога одекна веста дека ќе се мажам – ми се јавија над 30 луѓе уште следното утро!

Не претерувам. Прво ми беше смешно, а потоа неверојатно тажно.

Тоа ли е најголемото достигнување денеска, да се омажиш? Тоа ли го дефинира животниот успех?

Секако дека треба да се слават убавите моменти. Секако дека ми е драго кога некоја блиска личност ќе објави дека ќе се жени/мажи.

Се радувам за сите нив. Но, подеднакво се радувам кога ќе ми кажат дека дипломирале, магистрирале, се вработиле, се унапредиле на работното место.

Лажам, за другиве работи се радувам (малку) повеќе.

Затоа што за нив треба вистинска макотрпна работа. Треба труд, челична волја, многу откажувања и жртви. Непроспиени ноќи, стрес кој си го зема животниот данок.

За брак треба само да имате личност која ќе го постави прашањето, а вие да кажете ДА.

Каде е тука достигнувањето? Бракот едноставно никогаш не треба да биде ставен на пиедестал пред останатите круцијално поважни работи во животот, затоа што ова не е времето на баба ми (а за волја на вистината, дури и таа во периодот на ’50-тите години од минатиот век сметала дека прво треба да заврши средно образование, па дури потоа да се омажи).

Бракот е прекрасен со вистинската личност, ма бракот е супер.

Но, за волја на вистината – бракот е преценет. Зошто се слави повеќе од другите успеси, зошто предизвикува повеќе восхит и внимание?

Пак ќе кажам, самиот предлог и мажачка не е никакво достигнување. Апсолутно секој со желба може да стапи во брак.

Знаете што е достигнување? Да имате успешен брак. Да го одржите бракот на цврсти нозе, „и во добро и зло“, во ера каде што стапката на разводи е фрапантно висока.

Но, зад секоја успешна жена стои следниов опис: Издала книга. Имала неколку самостојни изложби. Има своја адвокатска канцеларија. Таа е успешен хирург. Нејзините новинарски статии ги собираат сите награди. Таа е прима балерина.

Никаде во биографиите на успешните жени не сум видела да стои само описот – Таа е мажена.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg