Однесувајте се со почит кон луѓето што работат на делник и на празник

Празник е, неработен ден. Се прашувам дали работи големиот супермаркет во трговскиот блиску до нас. Секако дека работи. Како воопшто би можел да не работи?

Odnesuvajte-se-so-pocit-kon-lugjeto-sto-rabotat-na-delnik-i-na-praznik-01.jpg

Работат апсолутно сите продавници. Гужва и турканици, како да се делат бесплатни чоколади.

Купуваме сите, неуморни потрошувачи. Понекогаш помислувам дека немаме дно. Окото ни е ненаситно, паричникот празен, ама ако. Важно е да купуваме, зашто ако не купуваме е исто како да не постоиме.

Кој ги забележува тажните уморни лица на оние што нè услужуваат? Кој се запрашува колку им е тешко што работат во официјално неработниот ден?

И колку се, колку нули има позади првата бројка?

Продавачката во супермаркетот. Онаа девојка која ви помогна да најдете број од чевлите кои ви се допаднаа.

Дечкото кој го скина билетот за во кино. Чистачките кои неуморно го гланцаат тоалетот.

Келнерот кој ви го донесе кафето, другиот кој ви го послужи јадењето.

Човекот кој го ви го наплати билетот за паркинг. Девојката која делеше флаери покрај подвижниот ескалатор.

Девојките кои продаваат лекови, мажите кои ви ја поминаа сметката за мобилен и ве запознаа со новиот промотивен пакет на услуги...

Илјадници лица. Никој не ги прашува како им е, дали се задоволни.

Дали тоа е работата од нивните соништа, дали побарале да бидат слободни на овој проклет неработен ден, а претпоставениот ги одбил со одговорот дека ќе има премногу гужва и мора да се сите на работа.

И секогаш истата приказна, и на Нова година, на Бадник и Велигден. Не се знае ниту празник, ниту делник, секој ден е ист. Безнадежен и сив.

Па, ако се прашувате што може да направиме, нема некој волшебен одговор.

Работите нема да се променат, секогаш ќе има луѓе што вредно ќе работат во неработните денови.

Вие може да им ја дадете целата ваша плата и повторно нема да направи разлика. А секако дека нема никој од нас да го стори тоа, да не се лажеме.

Па што да направите? Едноставно, третирајте ги со почит.

Не ги малтретирајте, не се изживувајте врз нив. Насмејте се, така полесно ќе им помине времето и ќе се почувствуваат ценето.

За миг ставете се во нивната кожа, доколку тоа е возможно, и замислете како е да се одработи дупла смена, во ден додека сите одмараат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg