Луѓето не сфаќаа зошто по третпат се одлучив за брак

Денес врне, утрото е тмурно и има магла насекаде. Луѓето брзаат да ја фатат најблиската стреа и да се спасат од изненадниот дожд кој зафати утринава. 

kazav-treto-da-so-nadez-deka-posle-se-toa-ke-bide-vistinskoto-01

Врне на денот кога треба да се омажам, врне исто како на претходните мои, две свадби.

Луѓето се шокирани кога ќе кажам дека се мажам по третпат, полни се со горчина, со омраза и гласови полни осудување.

Не би ме чудело ако и мојот иден сопруг би го помислил истото, да биде со жена која веќе двапати не успеала. Зошто да ѝ даде прилика?

Но, тој знаеше она што другите не знаеја, а јас знаев многу повеќе од сите, затоа одев во трет и последен обид да бидам среќна во една таква заедница.

На рамото мачкав крема која беше слична со бојата на мојата кожа за да го прикријам белегот под прерамката на сега веќе скромниот венчален фустан, кој повеќе беше бел елегантен фустан отколку невестински,  но луѓето сакаа да го викаат така.

Таа лузна ја заработив додека бев во брак со човекот кој го запознав во средно. Го сакав, ме сакаше, се сакавме.

Си мислев што треба повеќе од тоа...

Но, сфатив, веднаш штом запливав во светот на возрасните и ги почувствував брачните води дека треба многу повеќе.

Тој почна да работи до доцна, често се враќаше пијан, често мирисаше на туѓ парфем. Немавме односи, немавме хемија, немавме деца, немавме ништо. Само мојата верба дека јас и тој имаме еден убав брак.

После две години мизерен брак, тој почна да ме тепа.

Неколкупати завршив на инфузија, неколкупати со лонгета, а еднаш бев блиску да го напуштам земниот живот.

Пред тоа молчев од срам, но сфатив дека мојот живот е повреден од срамот. Јас ќе бидам среќна само ако го оставам.

Така и направив после три години брак се разведов...

Пет години уживав во фактот дека сум сингл и направив огромен напредок во мојата кариера, пред да решам  да се омажам повторно.

Овојпат за колега од работа кој добро го познавав. Го сакав, ме сакаше, изгледаше дека тоа е тоа што ми требаше. Вистинска љубов, вистински човек во право време и на право место.

Но, како да бев проколната, пробувавме многупати, но едноставно не можевме да имаме деца.

Одев по клиники, плачев на гнасни перници. Тагував по чедо, бидејќи тој ме сакаше, а јас само сакав да го направам среќен.

Да донесам топлина во домот, но очигледно не можев. Тој ме остави. Ми побара развод обвинувајќи ме дека сум неплодна. Цела вина се префрли на мене.

Јас останав здробена од животот, уништена од љубовта и напуштена од сите. Се чувствував беспомошно додека создавав океани во кои сакав да се удавам.

Денес подготвена сум за едно последно „Да“. Ги чувствувам малите ноџиња кои клоцаат во стомакот.

Ме потсетуваат на борбата да издржам и да поминам преку сите тие спомени, не беше до мене.

Тој се прежени, но сè уште нема деца.

Јас сега сум бремена од човек кој ме почитува, човек кој ме сака безусловно.

О дожду, те молам само да не се „урочам“.

Верувам и чувствувам дека ова трето да ќе биде она вистинското, ќе ме однесе во куќа која ќе ја направиме дом. Во место на кое ќе му дадеме топлина и ќе знаеме да раскажеме што е тоа љубов.

Додека ги облекувам белите чевли се потсетувам колку луѓето ме осудуваа, ме нарекуваа господарка на прстените.

Ме омаловажуваа, ми викаа проститутка. Но, сѐ издржав.

Бидејќи тие не знаат, но јас одамна си ветив дека јас ќе направам сѐ за да бидам среќна.

Жената не е сопственост, не е ниту виновна за процесите во нејзината матка. Жената има чувства, само сака да биде сакана, почитувана, поддржана и неповредена.

Жената само сака да биде среќна покрај сопруг кој ќе знае да ја цени нејзината личност, нејзината убавина и верност.

Нејзиното битие.

Тоа го зборува жената која не се срами да признае дека двапати згрешила.

Само сакам да знаете сите, никој не може да суди, бидејќи никој не знае точно каква е човековата судбина.

А, срамот од правење она што не е нормално за другите...

Јас би рекла дека сопствената среќа во животот вреди многу повеќе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg