Аномалија на модерното време – огромниот избор нè прави робови на материјалните нешта

Имам 7 години. Цврсто го држам дедо ми за рака додека ја преминуваме улицата накитена со колона автомобили. Ме заплиснува мирис на свежо печени крофни и ѓевречиња.

Anomalija-na-modernoto-vreme-povekje.jpg

Не можам да се одлучам што сакам, па дедо ми ми ги купува двете. Задоволно се нурнувам во крофната со прав шеќер, која прави остава трага околу целата моја уста.

Ѓевречето го оставам за дома.

Изборот порано се сведуваше на толку малку работи. Ѓеврече или крофна. Фустанче или панталони. Еклер или индијанка.

Понекогаш и немаше избор, но тоа и не беше многу важно. Не губевме време по продавници, проучувајќи 30 типови на шампони.

Немавме поим што е глутен. Немавме компјутери, најсофистицираните игри доаѓаа во облик на тетрис и Нинтендо.

Одморот го планиравме на трите домашни дестинации, Дојран, Преспа или Охрид, евентуално на „наше“ Јадранско Море.

Работите беа прости и едноставни. Не губевме време на глупости.

Ограничениот избор се покажа како благослов. Бевме слободни.

Од денешна гледна точна веројато звучи смешно и многу досадно.

Но, вистината е дека ние бевме екстремно среќни. Водевме едноставен и спокоен живот.

Со помалку избор, повеќе слободно време, помалку грижи, повеќе сон.

Домашниот мир беше единствено нарушен од ѕвонењето на фиксниот телефон.

Поштарот ги знаеше сите станари.

Продавачката ни даваше сладоледи без пари (подоцна дознавме дека сепак чудото бил дедо кој кришум го плаќал).

Еволуцијата донесе напредок, многу нова технологија и чуда кои можеби и не ни се толку потребни. Тие го заробуваат нашето време, нè врбуваат диктирајќи ги правилата на однесување.

Огромниот избор ме прави роб на нештата.

Толку многу работи, толку многу избор, толку малку време.

Понекогаш се обидувам да се сетам на оној некогаш прост живот, на тоа чувство на среќа и задоволување со едноставни работи во ограничен број.

Ја преминувам улицата. Се бранува топол мирис на свежи печива.

Зјапам во полиците, наредени со 300 чуда.

Има сè, но нема крофна со прав шеќер...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg