Сè ќе биде во ред...

Пред неколку месеци мојата најблиска пријателка доживеа сообраќајна несреќа која ја остави со белези, рани, скршени ребра и нозе.

se-kje-bide-vo-red-001.jpg

Денес, конечно, успеа повторно да прооди од едниот крај на болницата, до другиот.

Додека ја гледав како ги прави тие чекори, сјаев од среќа.

Полека одев покрај неа, а гледајќи како ги прави тие ситни чекори, сфатив нешто што е истовремено прекрасно и тажно - животот е во малите работи.

Смислата на животот е да станеш по падот.

Да се научиш да се смееш дури и тогаш кога насмевката ти се чини е најтешката работа која можеш да ја направиш.

Да се фокусираш на она што го можеш, она што го имаш и што е добро.

На сè друго, освен на лошите работи.

Тоа е како кога имаш скршени нозе, тело кое не ти функционира како претходно, ама ќе кажеш: „Барем уште можам да зборувам“.

Мојата пријателка ме потсети токму на тоа.

Страдањето е природна работа на животот.

Ги губиме оние кои ги сакаме, се повредуваме, нè повредуваат, гледаме страв, смрт, болка - ама сеедно, пронаоѓаме сила да продолжиме понатаму.

Тоа е она што е неверојатно.

И често потценето.

Занемарено.

Која е единствената константна работа во животот? Промената.

Да научиме дека без оглед на сè, можеме да бидеме добри.

И ќе бидеме добри.

Навистина, ќе бидеме добри...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg