10 мали потсетници кои секогаш треба да ги кажуваат најдобрите пријателки

Тие се нашата совршена половина, некој кој го сметаме за дел од семејството, а не е. Личноста пред која можеме да плачеме и личноста со која најсилно се смееме – нашата најдобра пријателка.

10-mali-potsetnici-koi-sekogas-treba-da-gi-kazuvaat-najdobrite-prijatelki-01.jpg

Да се има личност која без двоумење ќе притрча да ви помогне кога ви е тешко и ќе ве слуша како со часови ја кажувате истата приказна без да ѝ се здосади е вистински благослов.

Затоа, ова се работите на кои секогаш треба да ја потсетувате:

1. Ти си навистина важна

Сакај се себеси, навистина љубовта понекогаш може да нè заслепи или да нè натера да се однесуваме чудно, но тоа не значи дека треба да дозволиме таа и да управува со нас.

Вистинската љубов е таа која прави секој човек да стане најдобрата верзија од себеси, сè друго е само илузија за љубов.

2. Твоите родители не те донеле на овој свет за да плачеш за некој маж

Тие очекуваат многу повеќе од тебе и знаат дека ти навистина можеш повеќе. Не дозволувај да ги натажиш плачејќи за некој кој не заслужува ниту една твоја солза.

3. Престани да се потценуваш и споредуваш со другите

Не грижи се за тоа што луѓето го очекуваат од тебе. Оние кои те сакаат, ќе остават сама да го одбереш својот пат и ќе се радуваат на твоите победи.

Никогаш не се споредувај со другите, бидејќи ти имаш сопствена битка и бори се за неа. Не е важно што ќе кажат тие сè додека ти знаеш дека си на вистинскиот пат.

4. Не дозволувај минатото да ја одредува твојата иднина

Минатото е нешто кое поминало и нема никаква потреба да се навраќаш постојано на него. Живеј во моментот и обиди се од него да го извлечеш најдоброто што може да ти го понуди.

5. Пријателке, знаеш кого да побараш кога ти е тешко

Јас те сакам онаква каква што си. Ги знам сите твои маани, сите твои успеси и падови, но и понатаму те сакам. Никогаш не заборавај дека јас ќе бидам тука за тебе секогаш кога ќе ти притребам.

6. Никој не би требало да те осудува, но сепак сите го прават тоа

Запамети го тоа и продолжи понатаму. Без оглед на тоа што ќе правиш во животот, секогаш ќе се најде некој за кого тоа нема да биде доволно добро или доволно паметно. Не им обрнувај внимание и продолжи по својот пат.

7. Животот е многу поубав кога не мора да се трудиш околу луѓе кои не го заслужуваат тоа

Тажно е што можеме да сакаме некого до степен што му дозволуваме да нè повреди. Не дозволувај да се убедиш себеси дека тоа е во ред, не дозволувај да се трудиш околу некого за кого не претставуваш цел еден свет.

8. Ништо не вреди толку за премногу да се грижиш

Не прави ништо во животот само затоа што некој тоа го очекува. Прави ги работите кои те прават среќна и научи да кажеш „НЕ“, бидејќи само така ќе ги намалиш сопствените непотребни грижи.

9. Вистина е дека луѓето ќе те повредат, но одреди кој е вреден за твоите солзи

Направи го тоа пред било кој да дознае, па нека се чудат како си успеала. Ти знаеш дека можеш, можеш сè, можеш заради себе.

Еден ден ќе се разбудиш и ќе си кажеш себеси дека никој не е вреден за да се будиш тажна и едноставно ќе продолжиш понатаму.

10. И најважно од сè, ти си жена

Ќе те почитуваат сите кои ќе видат дека си одлучила да го живееш твојот живот по твои правила. А, тоа не го може ниеден маж.

Избирај со кого ќе го поминеш животот. Нека тоа бидат луѓе заради кои насмевката никогаш нема да исчезне од твоето лице. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg