24 работи кои треба да ги направите додека сè уште сте млади
Младоста е времето од животот кое се карактеризира со огромна енергија и честопати не многу промислени постапки.
Тоа е период во кој времето поминува бавно и постојано мислиме дека целиот живот е пред нас и ќе имаме време за сè што сакаме.
Мислиме млади сме, имаме време кога да патуваме, кога да учиме нови јазици, да најдеме некој посебен...
Сепак, вистината е дека времето поминува многу побрзо од тоа што ние веруваме, па затоа треба да го искористиме секој момент и од него да направиме убаво сеќавање на кое еден ден со радост ќе се потсетиме.
Токму затоа, потрудете се да ги направите сите овие работи додека сте млади:
1. Гледајте го изгрејсонцето на некое необично место
2. Одете на патување
3. Најдете време за вашиот помлад брат или сестра
4. Не сонувајте за сурфање. Направете го тоа!
5. Надминете ги вашите стравови
6. Не ги одминувајте оние на кои им е потребна вашата помош
7. Претворете ја вашата најневеројатна идеја во реалност
8. Најдете време за учење
9. Натпреварувајте се со себеси и остварувајте сè поголеми цели
10. Искористете ја секоја шанса да научите нешто од вистински мајстор на некој занает
11. Одете на карневал со пријателите
12. Остварете го вашиот сон од детството
13. Танцувајте низ вирчињата со вода во некој непознат град!
14. Најдете храброст да бидете она што сте
15. Борете се за вашата љубов!
16. Не плашете се да се извалкате така што ќе ја направите нашата планета почиста
17. Решете да се откажете барем од една лоша навика
18. Покажете ја вашата креативност
19. Одете на логорување и седете покрај оган со пријателите
И оставете ги барем на извесно време сите електронски уреди.
20. Зборувајте со баба ви
21. Гледајте ги природните феномени во живо, а не само на интернет
22. Запишете се на часови по танцување
23. Не плашете се од одговорности
24. Запомнете, целиот свет е отворен пред вас.
М. С. | Црнобело