На секоја девојка и треба најдобра пријателка која...

Таа која делумно се шегува, а делумно е сериозна, бидејќи со текот на времето сте измислиле еден куп чудни звуци, зборови и погледи, па на другите им се чини дека имате сопствен јазик за комуникација.

vakva-prijatelka-ti-treba-za-cel-zivot-001.jpg

Секоја девојка треба да има пријателка која ќе успее да направи да ја здоболи стомакот од смеење.

Таа на која можеш да сметаш дека ќе ти испрати порака со нешто забавно, бидејќи кога не сте заедно да го видите истото, цело време комуницирате на телефон и ги споделувате сите забавни ситници една со друга.

Таа која мисли на тебе дури и пред да помисли на себеси, бидејќи ужива кога прави убави работи за тебе без никаква посебна причина. Таа која знае од нигде никаде да се појави пред вратата со твоето омилено кафе или чоколадо...

Таа која тајно купила карти за филмот кој одвај чекавте да го гледате и знае дека и ти би го направила истото за неа.

Таа која ќе пие со тебе цела ноќ и ќе те одведе на калоричен ручек полн со нездрава, но превкусна храна, едноставно бидејќи вие две тоа го заслужувате.

Таа која била покрај тебе во сите лоши моменти, која веднаш те прашала дали си добро и која кажала дека веднаш ќе дојде ако ти е потребна, едноставно бидејќи навистина го мислела тоа. Сите останати само привремено ти понудиле утеха, но само таа е спремна да остави сè и да дотрча штом ти затреба помош.

Таа која ти донесе вино и грицки кога раскина со дечкото и таа која по десетти пат го гледаше со тебе твојот омилен филм кога не ја доби работата што ја посакуваше.

Таа која знае кои нешта се навистина важни и која е покрај тебе на сите големи настани, но и на оние мали кои тебе ти значат бескрајно. Ти се јавува кога ти е роденден, бидејќи не чека фејсбук да ја потсети за тоа и одвај чека да ѝ ги кажеш големите вести.

Таа која ти кажува дека те сака и тоа навистина го мисли, бидејќи пријателската љубов е подеднакво посебна и потребна како и романтичната.

Таа која не се плаши да ти каже сè што мисли во лице и таа која нема да те пушти да излезеш од дома ако ти се размачкала шминката. Ти кажува кога се однесуваш глупаво и ти дава искрени совети кои не ти се допаѓаат, но треба да ги слушнеш.

Те сака доволно за да биде искрена и сака да бидеш најдобрата верзија од себе, дури и ако тоа значи дека таа треба да ти помогне со својата груба љубов.

Таа која ги чува твоите тајни, знае сè, но не кажала ништо никогаш. Знае дека нема да имате ништо ако немате меѓусебна доверба.

Таа со која најдобриот начин да се помине викендот е лежењето во кревет и гледањето на омилената серија со еден куп чипс и чоколади. Заради неа се смееш дури и кога надвор е сиво и тмурно, а вие седите затворени дома како осамени номади и уживате во вашите бескрајни разговори.

Таа заради која се чувствуваш како да си дома, без оглед на тоа колку долго се познавате и како сте се запознале. Таа која веднаш стана незаменлива и те познава подобро од самата себе – таа ти е како дел од семејството, забавна и среќна, во неа нема ниту злоба ниту осуда.

Таа заради која се чувствуваш сакано и сфаќаш дека тоа и го заслужуваш. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg