Поучна приказна: Сè во животот се враќа со иста мера

Си живеел одамна некој сиромашен селанец кој секојдневно му продавал путер на селскиот пекар.

Poucna-prikazna-se-vo-zivoto-se-vrakja-so-ista-mera-01

Еден ден пекарот се посомневал во чесноста на селанецот и решил да измери дали путерот кој тој му го продавал навистина тежи 1 килограм.

Кога го ставил на вагата имал и што да види – навистина селанецот му давал помалку од тоа што биле договорени.

Пекарот толку многу се разбеснил што веднаш отишол кај судијата да го тужи.

Судијата побарал да го викнат селанецот и го прашал дали користи вага и како знае колку путер треба да стави во садот.

Селанецот на тоа одговорил „Почитуван судија, јас сум прост човек. Немам модерна вага, ама имам еден едноставен стар кантар.“

Судијата тогаш го прашал како го мерел путерот кој му го продавал на пекарот, а тој му одговорил:

„Почитуван судија, многу време пред пекарот да почне да купува путер од мене, јас секој ден купував леб од кај него. Така сега кога почна да купува путер од кај мене, јас секое утро купувам од него еден леб, го ставам од едната страна на кантарот и му мерам онолку путер колку што тежи лебот. Ако е некој крив што има помалку путер, тогаш тоа е тој самиот.“

Во животот сè ни се враќа со иста мера.

На некои луѓе нечесноста им се претвора во навика, па после некое време целосно забораваат што е вистина. Но кога залажуваат? Очигледно само самите себе.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg