Ако сте во вашите 20-ти, сигурно ги паметите овие работи

Ах, тие денешни деца... Иако се вклопуваме во генерацијата на социјалните мрежи, сепак, некои работи нам ни се познати, а денешните тинејџери и деца не ги знаат и нема никогаш да ги дознаат. 

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-01.jpg

Не сме фосили, но понекогаш ќе ни се испушти „Ех во мое време...“. Ова се дел од тие работи на кои ќе се сетат оние кои сега се во нивните 20-ти:

1. „Пуштање титка“ со мобилен

Во ерата на првите мобилни телефони, кои беа многу потешки од оние кои ги имаме денес и со многу помалку функции т.е. само повикување и пишување пораки, голем дел од нас обожуваа да си пуштаат титки едни на други.

За денешните деца тоа значи кога ѕвониш сѐ до првиот сигнал и потоа спушташ. Денес тоа значи „Ѕвони ми немам кредит.“ А, порано значеше „Здраво“, „Мислам на тебе“, „Досадно ми е“ и сл. Пуштањето сигнали беше редовно, бидејќи ретко кој имаше кредит, а смс пораки се праќаа само во итни случаи.

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-02

2. Вокмен, па mp3 плеер

На денешните телефони има сѐ, вклучувајќи и плеери за музика. Порано, музиката ја „носевме“ посебно. Прво вокменот кој беше добар дел од нашите денови во основно училиште, па оние мали mp3 плеери кои станаа дел од нашето созревање и голема привилегија за одредени личности.

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-03

3. Снимање музика од радио

Да не заборавиме, пред тоа постоеше уште една можност за слушање на омилената музика. Да, драги читатели, со бавниот интернет и без популарниот Youtube, не беше лесно да се спушти омилената песна. Затоа, честопати дремевме пред радио, со претходно подготвена празна касета чекајќи да почне песната, па брзо кликавме на црвеното копче. Која убавина беше кога ќе се снимеше добра касета. А, подоцна режевме ЦД-иња.

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-04

4. Сателитска – без превод

Додека сега гледаме сѐ во HD резолуција и на кој јазик што сакаме и додека чекаме да ја гледаме новата епизода од омилената серија на Нетфликс заедно со Американците, како никој да не се сеќава на Вива, RTL, МТV на германски, Cartoon Network, Rai Uno кои ги „фаќавме“ со помош на големите бели тепсии; се вртевме и се довикуваме едни со други дали сигналот е добар или не...

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-05

5. Висење на интернет

После долгото вклучување на компјутерот се „закачивте“ на интернет. Немаше Фејсбук, немаше Инстаграм, но бидејќи не знаевме дека постојат, не ни ни недостигаа. Многу од нас посетуваа разни страни за забава и сл.

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-08

6. Бренда и Брендон – и останата екипа

Што се гледаше? Хммм... првата популарна серија беше „Беверли Хилс“ со прочуените близнаци Бренда и Брендон, но гледавме и поучни емисии како „Ѕвон“ и  „Оправдано отсутни“.

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-06


7. Постери во собите

Па, немаше детска соба без постер. Како тоа мислиш „немам постери“? Каде ти се постерите од „Браво“, „Наш Свет“ и „Развигор“? Од пејачи, до кошаркари и фудбалери и секако актери. Собата без постери беше како село без црква.

ako-ste-vo-vasite-20-ti-sigurno-gi-pametite-ovie-raboti-07

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg