Биди свое утро, свој месец, свое небо. Биди своја вселена

Биди свое сонце. Секое утро. Сети се дека секој ден почнува со точка светлина, секое утро можеш да видиш нешто подобро, можеш да ги поправиш работите од вчера, имаш нова можност повторно да сјаеш.

bidi-svoe-utro-svoj-mesec-svoe-nebo-bidi-svoja-vselena-01.jpg

Биди своја месечина. Секоја вечер. Смири се по напорниот ден, слушни се себе, своите емоции и мисли. Размислувај. Размислувај за животот, за љубовта, идеите и работите за кои никој не знае. Најмногу од сè, сети се дека мораш да бидеш видлива и потполна, ако сакаш луѓето да те забележат. Не можеш да ги криеш најдобрите делови од себе, ако сакаш да ја осветлиш темнината.

Биди своја ѕвезда. Барај светлина во темнината, дури и тогаш кога гори, дозволи твојата експлозија да создаде дијаманти, а твојата болка да ја претвори во мудрост. Биди сама своја ѕвезда, во смисла, нека не ти треба одобрување од другите. Ѕвездата ја знае својата вредност, знае која е и што е без разлика на тоа дали и другите се согласуваат со неа. Биди ѕвезда во сè што правиш и гледај како целата галаксија креира простор само за тебе.

Биди свое небо. Биди пространа и отворена за нови можности. Прегрни го дождот, прегрни ги и невремињата и грмотевиците. Знај дека постојат и имај на ум дека служат да исчистат сè пред себе. Направи уметност од облаци кои доаѓаат од сите подрачја на животот.

Биди свое море. Продолжи да пливаш во длабочините сè додека не го пронајдеш своето богатство. Продолжи да пливаш спротивно на сопствените бранови и научи да бидеш мирна. Движи се сè додека не пронајдеш мир и не им донесеш на луѓето среќа, тогаш кога можеш. Без разлика на сè не ги заборавај својата моќ, убавина. Длабочина и можност да ги лечиш другите околу себе.

Биди своја планета. Најди делови во себе со кои можеш да живееш и со кои ќе ги промениш оние кои те уништуваат. Опкружи се со добра енергија и исполни го својот простор со луѓе кои сакаат да живеат со тебе, кои сакаат да те откриваат и кои не посакуваат да живат покрај ниту една друга планета.

Биди своја вселена, бидејќи си дел од сè и одраз на сама себе.

Биди сама своја вселена и не се плаши од својата големина.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg