Добрите работи си заминуваат за да дојдат подобри...
Иднината можеби е непредвидлива, тоа не значи дека секогаш можеме да ја замислуваме како светла, прекрасна и далеку подобра од минатото.
Често веруваме дека најдобрите денови се зад нас, дека минатото е далеку подобро од иднината и дека подобро е да се држиме до некои работи, отколку да ги напуштиме, бидејќи потсвесно се плашиме.
Сите сме имале вакви мисли за минатото, но животот успева да не изненади со тоа што ни носи убави и среќни моменти.
Губиме добри луѓе, но запознаваме прекрасни луѓе.
Мислиме дека никогаш повторно нема да најдеме љубов, а потоа го наоѓаме она што го заслужуваме.
Мислиме дека никогаш нема да го откриеме својот повик, а тогаш тропнува на нашата врата кога најмалку очекуваме.
Мислиме дека иднината е сурова, а на крај излегува подобра од минатото.
Животот постојано се менува и тешко ни е да се прилагодиме на тоа, бидејќи сме се научиле старите работи и живееме во зоната на комфорот.
Но, животот нè учи можеби на најважната лекција – треба да имате доверба во иднината, бидејќи носи многу добри работи.
Исклучиво од вас зависи дали ќе ја гледате иднината како благослов или клетва.
Додека сте живи и дишете, животот треба да биде нешто повеќе и подобро е да сте возбудени и да мислите дека ве очекува нешто одлично, отколку дека на добрите денови им дошол крајот.
Важно е активно да го тренирате умот и да гледате секогаш како да сте на почетокот на нови одлични работи, дека ве очекуваат нови добри работи и нови можности.
Најдобро е да заборавите на добрите работи кои веќе се случиле и да направите место за подобри работи.
Ова не значи дека иднината нема да донесе лоши денови, но дека треба да верувате дека ќе донесе повеќе благослови, повеќе љубов, повеќе успех и повеќе незаборавни моменти.
Наместо да размислувате како не може да биде подобро од сегашноста, размислувајте како едвај чекате иднината да биде подобра од сегашноста.
Н. Г. | Црнобело