Девојките се натпреваруваат меѓу себе, а жените се охрабруваат да бидат подобри...
Денес, скоро секој е наречен „пријател“ без навистина да ја заслужи таа титула. Ако седнеме да правиме листа на секој кој го нарекуваме наш пријател, тогаш таа листа можеби би била бескрајна.
За разлика од пријателството, луѓето се многу внимателни со зборот „љубов“. Тој е заштитен и засолнат од ранливоста сѐ додека не е 100% сигурно дека е искрено, додека не стане доверливо за да може да се искаже некој друг. Во љубовта, потребно е време за да се заслужи таа доверба.
Иако изгледа лесно да се стекне пријателство, вистината е дека е потребно многу време за некој да ви стане вистински и искрен пријател, меѓу останатото некој кој ќе ве познава доволно добро, некој кој ќе биде сигурен да ризикува за вас и да ви помогне кога тоа ви е потребно. Денес, благодарение на социјалните мрежи и брзиот начин на живот, секој се нарекува „пријател“ но сигурни сме дека повеќето од половина не ги ни познавате, ниту пак тие ве познаваат вам.
„Девојките се натпреваруваат меѓу себе, а жените се охрабруваат да бидат подобри.“ – овој цитат ја претставува разликата меѓу зрелите „возрасни“ пријателства и пријателства кои се базираат само на познанство. Жените треба да се опкружат со жени кои се охрабруваат и кои ги тераат да бидат подобри, наместо со девојки кои шират само негативност и ги обесхрабруваат другите.
Овој цитат треба да ве поттикне да внимавате кого го нарекувате пријател. Пријателствата доаѓаат и си одат, некои од нив сте мислеле дека ќе го пробијат и времето и оддалеченоста, но не успеале во тоа. А, тоа е добро, бидејќи од нив ќе ги научите најголемите животни лекции и ќе научите да ги цените оние луѓе кои останале во вашиот живот и покрај сѐ. А, тоа навистина е најважно.
С. С. | Црнобело