Дождот не смее да ви ја симне насмевката од лицето на денот на вашата свадба

Во моментот откако сте рекле ДА, ви го ставаат прстенот на рака и сфаќате дека ќе се мажите и ќе станете нечија сопруга, ве преплавуваат илјада емоции на љубов и нежност. 

duri-ni-dozdot-ne-smee-da-vi-ja-simne-nasmevkata-od-liceto-koga-na-denot-na-vashata-svadba-001.jpg

Веќе во следниот миг, вие ментално ги планирате деталите за вашата свадба. Вашите родители, секако, ментално се подготвуваат за кредитот што ќе го подигнат и си ги повторуваат роднините со кои не се сложуваат, за да не ги стават на истата маса.

Подготовките за свадба се интересен слатко-горчлив период. Да речеме само дека е незаборавен. Свадбата е церемонија од сè уште огромни размери, што е прилично неразбирливо и сè уште предизвикува нервози и стресови. Од резервацијата на ресторанот, одбирање на бенд и храна, до тортата и бидермаерот, фустанот и бонбоните - до печатните грешки во поканите и логистичката организација, во смисла на релација матичар-црква-ресторан.

И откако сте ги усогласиле сите можни детали и си велите – „Е сега можам да здивнам“, случајно ја отварате временската прогноза и гледате дека ќе истура дожд!

Тука веќе на незаврнато, вие почнувате да врнете како тмурен облак со солзички.

Што е најважно на една свадба? Не е јадењето. Вие може да ставите минималистички порции или храна која ќе се прелева од масата и никогаш нема да им угодите на сите. И никогаш нема сите да бидат задоволни, ниту да ги изостават коментарите. Тоа нека не ве погодува. Ретко кој памети што јадел на сопствената свадба.

Не се важни китенките, ниту бонбоните. Тоа е толку потрошно и минорно неважен детаљ. Освен ако не сте некој пасиониран колекционер на бонбони, може да им зашиете и копче на сватовите наместо китенка. Никому не му е гајле, сериозно.

Декорирањето на масата. Вие направивте илјада комбинации, свеќник или ниско дебело букетче или висок аранжман на масата, свежи или пластични цветови, зелена или црвена машна. Повторно, никому не му е гајле. Облекувањето на столчињата. Што?

Вие имате многу идеи и желби, а вашиот сопруг само една – да нема караници.

Па што е важно за една свадба? Музиката. Свадбата е забава, а забава без добра музика нема.

Удобен фустан и чевли. Да ви биде пријатно, да може да се забавувате, без чувството дека сте како крофна наполнета со крем.

Фотографиите. Инвестирајте во добар фотограф. Спомените и сликите се тие коишто остануваат вечно. Еден ден ќе седите со внуците и ќе посакате да им кажете – „Види ја баба ти колку убава невеста беше! Море и дедо ти не е лош!“

Насмевката. Звучи излитено, но не е. Никој нема да ви го памети маникирот, дали сте имале туш на очите или вашите чевли биле изработени по нарачка. Ќе паметат само дали сте биле весели и колку сте се забавувале. Колку ви играле нозете и колку ви сјаеле очите. Вашиот прв танц, моментот кога игравте меѓу баба ви и дедо ви, кои со мака дојдоа на свадбата, од мерак да ве видат во бело.

Забавата со вашето друштво. Оној момент кога сите спонтано ја запеавте вашата омилена песна. Кога ја гушнавте вашата најдобра другарка или омилената тетка. Сите ќе паметат само дали сте биле весела невеста.

Па во еден од најважните денови, не дозволувајте шминката, обетката или тортата на која не ѝ ставиле машничка да ви го расипат денот. Едноставно не е вредно.

Па дури ни дождот не е така лош. Затоа што, велат, на оние на кои ќе им врне на свадбата, ќе имаат среќа.

И навистина, има ли поголема среќа и нешто поважно од тоа што се венчаш со човекот што го сакаш?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg