Ти си многу повеќе од само жена...

Ти си прекрасна девојко, ти си толку многу повеќе од само обична жена.

ti-si-mnogu-poveke-od-samo-zena-01.jpg

Ти си создадена од облини, гласови, манири...

Ти ги претставуваш бисерите во кутијата за накит и патиките за вежбање сместени покрај вратата.

Ти си тврдоглав ум и заразна насмевка, цврсти мајчини раце и сестринска љубов.

Ти во себе носиш љубовница, дама и сопруга.

Ти си во секоја боја, делче од секоја жена која некогаш си ја запознала, некогаш ти се доближила, онаа која те инспирирала и која си ја сакала. Секоја од нив ја носиш со себе. Ти си сè што се тие, но на свој начин.

Ти си глас кој зборува и уши кои внимателно слушаат.

Мажите секако ќе ти свирнат и ќе викнат по тебе. Можеш да отвориш уста, да рашириш нозе или врата. Што сакаш, ако сакаш.

Твоите раце се создадени за возење автомобил, готвење, чување на деца.

Ти си силна, возрасна, секси и прекрасна, нежна и дива.

Ти си како овошје, како цвеќе, како дрога, како најубав сон и како кошмар. Заводлива. Застрашувачка.

Ти си во сите стихови на песните, во секој неизговорен збор, секоја приказна и признание, во секое парче лист со испишан рецепт.

Ти си создадена од гради, очи, прсти и уста.

Ти си многу повеќе од жена. Ти си еден цел свет.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg