Замислете го животот како жонглирање со 5 топки...
Замислете си дека животот е игра во која секој ден жонглирате со 5 топки во воздухот. Замислете дека 5-те топки се вашата работа, семејството, здравјето, пријателите и духот.
5 топки кои секој ден, постојано ги држите во воздух.
Наскоро сфаќате дека топката која ја нарекувате работа е гумена, па ако падне нема да ви се искрши, ќе се одбие од земјата и повторно ќе можете да жонглирате со неа.
Останатите четири топки, семејството, здравјето, пријателите и духот, сите се направени од стакло. Ако ви падне една од овие четири топки истата не може да се поправи, останува со некаков белег, оштета, па дури може и целосно да се скрши.
Овие топки никогаш повеќе не можат да бидат исти. Морате да го разберете тоа и по секој цена да се трудите да не ги оштетите.
Работете ефикасно за време на работните часови, посветете го целото ваше слободно време на семејството, пријателите и квалитетен одмор.
Некои работи имаат поголема вредност...
Н. Г. | Црнобело