Херман Хесе: Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а да сакаш значи сè
Колку што бев постар, сè помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои животот ми ги пружаше и сè појасно ми стануваше каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смисла.
Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а да сакаш значи многу, дека тоа е способност да го почувствуваме она што дава вредност и убавина на нашето постоење.
Каде и да се појави она нешто што се нарекува среќа, беше завиткано во емоции.
Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многу луѓе го имаат и едното и другото, а сепак се несреќни.
Убавината не е ништо. Сум видел убави мажи и убави жени кои биле несреќни и покрај својата убавина.
Ниту здравјето не е сè, секој е здрав ако така се чувствува. Има болни луѓе полни со волја за живот кои ја негуваат до самиот крај и има здрави луѓе кои венеат мачејќи се со стравот од тоа да не патат.
Но, среќата секогаш била таму каде некој знаел да сака и живеел за своите емоции. Ако ги негувал, ако не ги газел и потискал, му носеле задоволство.
Убавината не овозможува радоста на оној кој ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да ѝ се воодушевува.
М. Д. | Црнобело