За да успеете мора да го разгoрите огнот во себе
Се будиш и сфаќаш дека не е сè онака како што си замислувал, твоите планови од вчера, денес не го виделе сонцето и очекуваниот успех сè уште не го носи твоето име.
Се гушиш во сопствените обвинувања и се прашуваш дали можеше да биде полошо. Ако ти е за утеха може да биде полошо.
Животот често знаев да го споредам со бројките, различни, а сепак слични, можеби некоја поважна или поневажна од другата, но сепак секоја мора да си го најде местото за да создаде целина, бидејќи без едно целото множество е некомплетно.
Така беше со нас, она што денес нè рамни со земја, утре ќе биде непробоен штит кога ќе се соочиме со светот. Ни требаа двете за да бидеме комплетни, но дали го гледавме тоа?
Дали бевме способни да најдеме сила кога таму внатре во нас воопшто немаше нешто да не придвижи?
Можевме ли да ја најдеме желбата за да го освоиме светот кога бевме турнати на дното?
Дали постоеше искра, скриена нервоза која ќе го разгори она што е потребно? Дали знаевме да бидеме силни кога она што ни преостанува се само солзи?
Додека јадев од диетaлниот оброк кој сам го подготвив, а јадев диетална храна поради лошата крвна слика, размислував што е она што нè движи напред.
Сите овие прашања бараа одговор, но понекогаш немаше објаснување. Знаете не можете да кажете формула за пронаоѓање на силата која треба да ве повлече од дното или да составите равенка која ќе ве одведе со она што го посакувате.
Луѓето се различни, во тоа апсолутно се согласував, но тоа не значи дека некои се подобри од другите само затоа што така им било пишано.
Сите големи луѓе кои ги познавав во животот беа креација на одвивање, неуспех комбиниран со депресија и останување на крајот од табелата на животот, но истите тие луѓе исто така беа оние кои знаеја да ги спојат рацете и да си завртат во својата глава. Без разлика што и да било, тие можат да се издигнат. Тие можат да успеат.
Она што беше потребно за секоја единка на овој свет да го пронајде токму тоа што ќе го разгори пламенот за успех во нив.
Кај некои тоа беше исмевање од другите, кај некои беше будење од сон и сфаќање дека се на погрешна патека, некои го правеа од инает, а некои само за да се докажат. Но, сепак за да се има еден живот кој води до врвот секој мораше да ја создаде таа експлозија во себеси.
Додека голтав од последните залаци на мојот оброк сакав да се развикам кон луѓето на светот.
„Вие сте создадени да креирате историја, не го трошете вашето време на земјата залудно.
Дадете сè од себе за да бидете најдобри во она што го правите. Потрошете часови, енергија и пот за тоа да се случи.
Можеби денес ви тргнало лошо, но тоа не значи дека вие постојано ќе бидете неуспешни.
Стегнете ги забите, наострете ги мислите, замислете ја својата цел и дадете сè од себе за да ја остварите.
Денес можеби сте последни, но животот како една ѓаволска топка постојано отскокнува, утре токму вие можете да бидете на врвот.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело