Ги гледаме луѓето и им судиме, иако немаме репер за калибрација...

Што сме ние луѓето, само капка надеж или спакувани емоции во една кутија наречена тело? Или можеби трошка копнеж зачувана во една мрежа на мисли испреплетена во нашиот нервен систем? Што сме ние, дали она што навистина сме или она што ни беше кажано да бидеме?

sto-sme-nie-lugeto-01

Дали оваа функција која ја вршиме и овој живот кој го живееме е вистинското остварување на нашата цел?

Заспиваме со помисла дека утре ќе дојде и слепо веруваме дека тоа ќе се случи,без двоумење, без сомнежи. Ги склопуваме очите и ги мрдаме усните за да кажеме ноќна молитва. Но дали тоа е вистинската молитва?

Ги гледаме луѓето и им судиме, иако немаме репер за калибрација, судиме според наши стандарди,според наши услови. Им замеруваме за нивните постапки и нивните зборови кои ние сметаме дека се неправилни. Но дали судиме правилно?

Го трошиме времето на овој свет, секојдневно правејќи различни работи, учејќи, спиејќи, дишејќи, но дали правилно го трошевме времето или бесцелно се задржувавме на сите глупости?

 Дали на крајот ќе ни бидат потребни сите тие залудно потрошени минути?

Сакавме да бидеме среќни и живеевме да ја достигнеме среќата, а дали воопшто знаевме што е среќата? Само верувавме дека постои и сметавме честопати дека таа е иста за сите, но дали воопшто беше иста за сите?

Бевме жедни за страсти и ми се чини дека тоа беше единствената потреба која нè носеше поблиску до среќата, бевме жедни за допири и валкани игри, без разлика каков беше нашиот пол. Но дали нашето тело го дававме под закуп на вистински купец?

Дали патеката која ја следевме беше слепа уличка на нејзиниот завршеток или нè носеше кон преминот за подобро утре. Дали оној во кој верувавме беше вистинскиот?

Дали сите тие емоции, соништа, спомени ќе останат во воздухот после нашата смрт или ќе згаснат со нашето згаснување?

Што сме ние и дали воопшто имаме некаква цел?

Дали ние сме само една програма со ограничена меморија која не може никако да се прочита после нејзиното откажување или сме само слободни суштества кои не мора да имаат никаква стега или обврска, туку се само пуштени да го остварат она што го замислиле?

Дали некој знаеше што точно сме ние, бидејќи луѓе беше некако премногу општ одговор...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg