Во животот после сите неуспеси мора да пробаш одново и одново за да успееш

Ја отворив вратата од мојот дом, без да објаснувам, без да се поздравувам, се затрчав и скокнав во креветот во мојата соба.

vo-zivotot-posle-site-neuspesi-mora-da-probas-odnovo-i-odnovo-za-da-uspees-0001.jpg

Не се ни преслеков, не ни сакав да се пресоблечам, стоев така неколку минути додека студената перница ми го допираше лицето и создаваше едно пријатно чувство. Во моментот ништо друго не ми беше потребно.

Тој ден не успеав во она што го планирав, во она што го замислував, мојот проект на кој работев долго, пропадна. Би требало по сите правила да ми биде жал, да бидам во целосна депресија која нема да ми дозволи да станам од креветот со часови, можеби и со денови.

Но, зошто да се грижам за она што не успеав денес, нели постои утре?

Луѓето знаеја само да гледаат на негативната страна и сакаа да имаат потонати бродови, а јас често зборував дека е многу подобро да патуваш со чамец, дури и да се дупне, штетата е многу помала. Со малечки чекори, но без многу штета ако нешто тргне наопаку.

Не можам да негирам дека ме печеше во срцето секогаш кога немаше да успеам и не ми се отвораше уста, но со секој таков обид учев да ја голтнам солта на моите солзи и да ги избришам истите од моите очи. Научив дека гордоста и егото можат да бидат повредени милион пати и се она што градиш може да се сруши за миг. Животот е ризик, а ако не ризикуваш нема ни да добиеш.

Требаше да научиме дека во тоа секојдневно обидување, ние живееме за адреналинот кој го носи тој ризик. Не постоеја луѓе кои беа на врвот, а не го почувствувале тој адреналин кој те поместува и таа битка која те тера да се размислиш неколкупати. Дали да вложиш сѐ или да играш на безбедно. Што ако твојата рака не е најсилна и медот го собере некој друг?

Во тие моменти се вртеа многу прашања, се потеа рацете и целото тело трепереше. Стравот постоеше додека не доживееш еден неуспех, па уште еден по него и трет натаму, се додека не успееш, потоа се навикнуваш. Учиш дека мора да се кренеш од подот на кој те турнале, да ги најдеш сите дупки во твојот потонат чамец и да ги затвориш, за да го продолжиш своето патување.

Денес не успеав, но нема причина зошто да не успеам утре или денот по него. Нема време за плачење, нема време за депресија, животот е темпирана бомба мора да завршиш се за да влезеш во таа експлозија која ќе промени сѐ. Ако се прашувате кога е вистинското време за да се обидувате одново и одново, независно што било во минатото, би ви рекол дека токму сега е вистинското време.

Нема потреба од двоумење, нема потреба од размислување, нема потреба од страв, можете само да добиете, а многу малку да изгубите. Дедото на пазарот знаеше често да каже „за проба пари не се земаат”, па тогаш што е тоа што ве спречува да пробате?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg