Додека живеев за црта или две...

Денес не зедов нова црта, така беше веќе неколку месеци со ред. Решив цртите кои беа составен дел од мојот живот да ги препуштам на некој друг и да повлекувам други црти, оние кои ги означуваа деновите дека не сум го консумирал она проклетие кое ми го уништи животот.

dodeka-ziveev-na-crta-ili-dve-01

Не можев да си објаснам како се најдов во тоа опкружување на цртите, без разлика дали беше пред да ги откријам или откако открив дека не требало никогаш да ги откријам.

Немав силен аргумент за да ја објаснам таа слабост која ме натера да западнам во она што беше моја пропаст. Решив да раскажам, бидејќи верував дека таму некаде постои некој на кој ќе му биде потребна мојата приказна за очајот. Онаа најстрашната, која дозволува да скапеш, да бидеш жив мртовец во светот каде никој не те познава.

Имав тринаесет години, татко ми беше алкохоличар, мајка ми немаше што да ми даде. Собирав ѓубре и јадев од канти за отпадоци, живеев еден мизерен живот кој не го заслужував. Кога подобро ќе размислам се чувствував како господ да тргнал црта до моето име.

Она што се случуваше со таквите како мене во општеството, бев отфрлен, бев непосакуван, како заразна болест која им пречеше во нивното постоење. Колку и да боли, се навикнуваш.

Кога мислев дека нема излез од мојата безизлезна ситуација, додека просев пред вратата на еден огромен маркет, ми пријде човек и ми кажа дека ако успеам да поминам низ полицијата која правеше патрола на спротивната страна од патот ќе ми даде петстотини денари.

Знаете ли што значеше тоа за мене?

Без двоумење се прикрадов, тие не ме ни забележаа, знаеја дека роварам по ѓубриштето, што би можел јас да имам.

Така се навлеков, без да знам што правам ме вовлече во неговиот свет само за да ме искористи, но се чувствував дека некаде припаѓам. Првиот дим, првиот вкус, првиот чад и првото пореметување на умот, првиот свет кој беше различен, многу поубав од оној реалниот.

Целосен делириум за мое комплетно уживање. Ден за ден заработував, да бидам искрен имав среќа што никогаш не ме фатија. Но затоа, јас сам се фатив и казнив со најлошата зависност на нашето постоење.

Од тој ден па сè до пред десет месеци јас знаев само за халуцинации, живеев отсутен живот, исклучен од сè она што се случува околу мене. Бев дотеран, но сè уште непосакуван. Бев осудуван и да бидам реален, повеќе ми се допаѓаше осудувањето пред дрогата отколку тоа што сам си го налепив.

Не знам што се случи, но еден ден во тотално лудило, на граница на предозирање, се запрашав каде води сето тоа. Замислете колку е тешко да се најде разум во тие моменти, но го најдов. Со која сила и со кој памет не знам. Но, реков доста е.

Собрав сè што имав во еден ранец, а немав многу и се упатив до блискиот манастир, сосема сам, онака како што го живеев мојот живот. Подготвен за нешто поинакво од она што го знаев дотогаш. За убав свет, но без дозирање и халуцинации.

Таму поминав осум месеци за мое целосно излекување, потоа купив карта за Лондон, градот кој отсекогаш сакав да го посетам, за одново да ја започнам и испишам мојата погрешна приказна.

Запишав факултет на мои дваесет и нешто години. Учев и се трудев, работев, живеев живот кој вреди да се живее. Без притисоци, без страв дека утре нема да се разбудам.  Кога ќе размислам каде бев, каде отидов и каде сум сега, три различни света. Кој би рекол дека тоа е возможно, но колку и да звучи нереално, беше возможно.

Целиот тој процес и сите тие неправди кои ги нанесе животот и оние кои сам си ги нанесов беа болни, но сепак цврстата волја за промена и желбата за вистинско живеење можат да направат чуда.

Секој оној кој е навлечен треба да знае дека секогаш има начин и секогаш има излез. Потребно е да знаеш што е она што го посакуваш.

Уште една црта од масата или уште една црта во дневникот за успеси?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg