Мудра приказна за 20 секунди: Во животот се смеат само оние кои се држат за рака
Еден човек здогледал неколку дечиња на крајбрежјето како градат кула од песок.
Баш кога ја завршиле замислената кула, на чија изработка потрошиле неколку часа и многу трпение, дошол бран и ја срамнил кулата со останатиот песок.
Човекот очекувал солзи, бес и врескање.
Но, за негово чудење, децата станале, се фатиле за раце и почнале да се смеат. Малку подоцна, почнале да градат нова кула.
Тогаш сфатил:
Сите работи во животот кои ги создаваме и во нив вложуваме многу време и енергија, се создадени од песок. Трајни се само нашите односи со луѓето.
Порано или подоцна, ќе надојде бран кој ќе го однесе она што сме го граделе со многу труд.
Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се смеат само оние кои имаат со кој да се држат за рака.
М. Д. | Црнобело