Мамо и тато - ова е најискрената порака за вас!

.Многупати знаевме да бидеме ладни, да се ограничуваме и оградуваме од она што го чувствуваме во моментот. Како да бевме исплашени да чувствуваме, како да се плашевме од таа емоционална зависност кон нештата.

mamo-tato-vi-dolzam-edno-ogromno-izvini-01

Живеевме градејќи ѕидови, во еден свет каде што мислевме многу, а кажувавме малку и тоа можеби беше еден од најголемите проблеми на нашето постоење.

Тој ден седев во дневната соба обидувајќи се да ја наштимам гитарата, во обидот да ја научам својата прва песна.

Секој би се насмевнал и би помислил која будала учи прва песна на дваесет години, но јас не живеев според тие банални правила.

Додека јас ги местев жиците нервозно за да го добијам звукот кој посакував, на двата кревети пред огромниот телевизор седеа мајка ми и татко ми.

Им беше смачено од моето неуспешно свирење, но не рекоа ни збор.

Ги погледнав и како некој да ме повлече, како да ме удри зајадливо по главата во обид да ме потсети. Тогаш милион слики ми поминаа низ главата.

Станав и без да размислувам реков „Тато, мамо, јас се извинувам”.

Тие ме погледнаа и не можеа да сфатат што се случува, се прашуваа зошто толку драма околу едно обично свирење на еден почетник.

Но, она што сакав да го кажам имаше поголема тежина од грдиот звук на ненаштиманите жици.

„Се извинувам за сите глупости низ кои сте морале да поминете заради мене, се извинувам за секогаш кога сум бил неподнослив, нетрпелив, груб и безобразен.

Се извинувам за сите пати кога не сум ви рекол ви благодарам и не сум ве прегрнал доволно цврсто, за да ви покажам колку значаен дел имате во мојот живот.

Се извинувам за секој повишен тон, секоја кавга, која од денешна гледна точка изгледа бесцелна.

Се извинувам за секоја тешкотија која сте ја претрпеле поради мене, а знам дека ги имало многу.

Сакам само да знаете дека ова неблагодарно суштество кое стои пред вас е свесно за целиот тој напор кој го вложувате за него.

Ви благодарам за долгите денови исполнети со љубов, топлата трпеза исполнета со многу внимание.

Ви благодарам за тоа што имате храброст и нерви да се справите со мене и да ме изведете на вистинскиот пат.

Ви благодарам што имате неограничена љубов која врши минутни трансакции на мое конто, ви благодарам што сте тука и што никогаш не би ме оставиле.

Без вас цела оваа приказна ви била само една скица за тоа како изгледа животот.

Иако не го кажувам тоа често, мамо, тато, јас ве сакам неизмерно“.

Тие ме гледаа збунето, мислам дека паднаа уште на првиот збор кога отворив уста, а јас само побрзав да се втурнам во нивната прегратка.

Беше тоа убаво чувство на празнење, како сета тежина да ја снема.

Во главата си повторував, машко си немој да плачеш, срамота е, немој да плачеш.

Но, не можев, тоа беше многу посилно од мене.

Зошто не го правев тоа секојдневно?

Зошто во животот ги правиме работите кога е доцна или можеби предоцна?

Зошто уживавме да чекаме и да го носиме товарот, кога имавме многу поинаков избор?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg