Се плашев да сакам, бидејќи многупати го извлеков подебелиот крај

Велат дека стравот е едно од основните чувства кои ги дефинираат живите суштества, можеби и едно од најфундаменталните врз кое се базира животот на едно човечко битие.

dali-bevme-podgotveni-da-gi-pobedime-svoite-stravovi-01

Тоа попладне седев на пијаното во обид да склопам некоја нота за новата песна која ми допираше до срцето, текстот беше готов, насловот беше повеќе од добар, само му недостигаше малку живот.

Го нареков „Бестрашни”, реферирајќи на луѓето кои шетаат наоколу, еден оксиморон од кој не можевме да се ослободиме, колку и да сакавме да бидеме бестрашни, сепак мал дел од нас живееше под притисок од стравот.

Помислив на сите оние кои беа напуштени, постоеше ли поголем страв од тоа да бидеш напуштен? Иако никогаш не живеев сам, јас се плашев дека утрото кога ќе се разбудам, нема да најдам никого, дека ќе бидам сам меѓу тие четири ѕида и така секогаш внимавав да не ги повредам луѓето во обид да ги задржам крај себе.

Никогаш не сфатив зошто, но во мене постоеше тој страв дека ќе бидам осамен, дека ќе нема на кого да се обратам и да раскажам како ми поминал денот. Претпоставувам тоа ме правеше затворен.

Имав одбранбен механизам и кога стануваше збор за љубовта, се плашев да сакам со цело мое срце, бидејќи многупати претходно излегував со подебелиот крај. Сето тоа благодарение на фактот дека луѓето беа проклети и нечесни, но не можев да им замерам,тоа беше личен избор.

Плашејќи се да се поврзам емотивно, долго време поминував сам, тоа беше на мое барање, мој избор со кој сакав да живеам. Не ми пречеше, но кога подобро ќе размислев беше болно тоа оградување, но беше потребно за да не настане целосен колапс на моето битие.

Многупати ја наведнував главата сметајќи дека не сум доволно добар, а можеби бев еден од најдобрите, но стравот од неуспех ме спречуваше да го остварам својот успех.

Пред да го изговорат моето име, пред да го прочитаат, се наежуваше секој дел од моето тело, а во главата немаше ниедна мисла, крвотокот се замрзнуваше и владееше стравот, како да не можев, како да не знаев да го контролирам. Пробував многупати, но безуспешно.

Се сеќавам дека во последниот стих на мојот текст имаше дел кој велеше: „Никој од нас нема да успее да се ослободи од него, тоа е природно. Но, да дозволиш да те спречи да ги оствариш своите цели, тоа е трагедија.”

До ден денес не можев да најдам начин да го искоренам, но научив да го победам, секогаш се прашував што е она што можам да го изгубам, гледав да бидам свесен кој е влогот и колкава е добивката.

Ги затворав очите, крвта се замрзнуваше, но ќе воздивнев длабоко, ќе се сетев на целата таа претходна болка, ќе му погледнев во очи. Ќе сфатев дека јас можам многу повеќе, дека јас можам да издржам и многу полошо од она што било во минатото.

Тој беше силен, но јас научив да му покажам дека сум посилен. За момент исчезнуваа сите тие морници, крвотокот течеше нормално и останував јас во светлиот круг на сцената, со она што го знам и умеам.

Целиот живот, целиот мој свет беше поинаков, се чувствував ослободен и се прашував зошто порано не сум се соочил со моите најголеми стравови.

Со тие мисли дојдоа и нотите на една песна во која сакав секој да научи да се соочи со стравот. Тој нема да престане да живее, но секој можеше да научи да го надживее...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg