Понекогаш имаш само секунда за да создадеш експлозија. Еднаш. И никогаш повеќе

Ако би требало да не опишат математички со некоја равенка, ние луѓето не би се вклопиле затоа што постојано имавме тенденција да ги правиме работите наопаку, различно од сите закони кои што беа познати.

ponekogas-imas-samo-sekunda-da-sozdades-eksplozija-ednas-i-nikogas-poveke-01.jpg

Дури и да пронајдеа соодветен модел, ние ќе најдевме начин да го скршиме и да излеземе од тие граници, кога на полошо, кога на подобро, но сепак најчесто на полошо.

Беше петок навечер, отворив шише вино, имав пуштено музика, поп од деведесетите, акустична варијанта, знаев да си го дозволам тоа вечерно, петочно уживање, после долга, напорна, работна недела. Седев во дневната уживајќи во вкусот на белото вино помешано со солено сирење. Размислував за работите кои се случуваа претходно таа недела или можеби во минатото. Дојдов до општ заклучок дека на луѓето им недостига повеќе комуникација за да бидат среќни.

Многумина се гушеа во тага, а сепак не сакаа да се отворат, да раскажат што е она што им ја корне душата, труејќи го телото со очајот во кој западнале. Излезот го бараа на сосема погрешно место, повредувајќи се, навредувајќи се, живеејќи мизерен живот, само заради што беа исплашени да се отворат за работите кои можеа да се случат секому.

Многу приказни завршуваа недопишани, само заради преголемо его, доволно беше да се признае дека едниот не може да опстои без другиот, да се каже едно едноставно извини. Доволно беше да се проговори за ситуацијата, за сите работи кои ги мачеа луѓето, за тежината на секојдневните обврски. За сексот и како тој да биде подобар, за пријателите и нивното однесување. Можеше да се разговара за сѐ, но луѓето одбираа да молчат.

Сите имаа реченици кои скапуваа во нивните тела, а гореа од желба да бидат изговорени. Доста луѓе не знаеа дека се сакани, многумина не знаеа дека се повредени, можеби и изневерени, само заради тоа претерано молчење. Многу работи настануваа заради тој недостаток на комуникација кај луѓето.

Зошто бевме толку таинствени? Дали дволичноста кај луѓето не тераше да бидеме такви или тоа беше избор кој доаѓаше спонтано?

Дали сметавме дека избегнувајќи да зборуваме за она што не мачи, да ја кажеме вистината во очи ќе постигнеме хармонија? Дали беше можно да грешиме толку многу?

Помислив на сите солзи на сите луѓе кои ги сретнував, девојката во паркот, дедото на гробиштата, детето кое скокна од петти спрат. Сите тие имаа недокажани работи, сите тие криеа некоја приказна, сите тие беа таинствени во својата болка. Жалеа за она што не беше изговорено, за луѓето кои заминаа и за животот кој си го претвориле во вистинско измачување.

Но, работите во животот не секогаш се случуваат двапати. Понекогаш имаш само неколку секунди да создадеш експлозија која ќе го помести светот.

Дали сме способни да се отвориме, барем на луѓето кои ни значат сѐ во животот. Дали ја имаме храброста отворено да разговараме за сите проблеми во љубовта, во животот, во сексот, во секојдневните обврски. Наместо да бидеме нервози и цело време лути, дали сме доволно силни да кажеме што е она што не мачи?

Луѓето никогаш нема да знаат што се крие во нашето тело како една мистична состојка на душевни патишта. Ако работите останат затрупани внатре, тогаш ќе ни преостане да жалиме за она што можело да биде, но никогаш не било. А тоа што никогаш не било, никогаш и нема да биде, бидејќи времето, луѓето, настаните и околностите, никогаш нема да бидат исти како денот кога она што не било, требало да биде.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg