Прекрасна јапонска легенда: Црвениот конец кој поврзува две срца

Уште од самите почетоци човештвото секогаш се прашувало кое е значењето на живот, која е неговата суштина и зошто воопшто постоиме. Потрагата по одговор на овие прашања оформила многу филозофски учења и магични легенди.

prekrasna-japonska-legenda-crveniot-konec-koj-povrzuva-dve-srca-01.jpg

Една од тие легенди е и приказната за црвените врвки. Потекнува од Јапонија и ја објаснува мистеријата која се нарекува живот на еден прекрасен, истовремено и романтичен начин.

Затворете ги очите. Замислете како вашето тело станува транспарентно. Можете да ја замислите сложената мрежа од крвни садови која се шири низ целото ваше тело? Нашето постоење се должи на овие реки кои даваат живот.

Сега замислете си еден посебен систем - оној кој ги поврзува вашето срце и малиот прст од раката. Тоа е улнарната артерија која го прави вашиот најмал и незначителен прст вистински претставник на срцето.

Токму од овие причини, во многу култури, кога луѓето прават некаков договор или ветуваат нешто, даваат некаков завет, ги вкрстуваат малите прсти.

Според јапонската легенда, црвената линија која завршува во вашиот најмал прст, продолжува како невидлива црвена врвка кон другата личност и на тој начин се поврзуваат двете срца. Двете срца судбински споени...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Приказни на Македонец – рецепционер во хотел: „Маж доживеа епилептичен напад и побегна од лобито, ос... „Во хотелот влезе човек и ме замоли да му го наполнам телефонот. Прифатив, но од...
Мамо, гушкај ме почесто, те молам Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнува...
„Леле, види ја ама се теткосала“ - Во Македонија човек како да не смее да остари, секој има коментар... Зошто судите? Дел од жените верувајте живееле потешко од вас, дел од нив се сооч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg