Единствениот текст кој ви треба кога мислите дека не сте доволно храбри

Кога мислиме на храброст, често во главата ни се појавуваат слики на херои и хероини од големи битка, како скокаат во оган, го гледаат злото право во очи и го победуваат.

edinstveniot-tekst-koj-vi-treba-koga-mislite-deka-ne-ste-dovolno-hrabri-01.jpg

Вистина е дека тоа е еден вид на храброст, но не единствен - а можеби и не најсилен.

Храброст е кога се терате да продолжите понатаму иако сакате да се откажете. Тоа е спротивставување на авторитетот, дури и кога е посигурно да молчите.

Храброст е вербата дека ќе има подобро утре, дури и кога ви се чини дека сте опкружени со темнина.

Храброст е да издржите. Храброст е да се разбудите знаејќи дека ништо нема да ви биде подарено, напротив, ќе биде тешко и напорно, но сепак сакате да одите напред.

Храброст е да знаете дека можеби нешто нема да ви успее, дека можеби ќе боли, но сепак сакате да се обидете. И понатаму да се борите. Да останете на сопствените нозе.

Храброст е кога чувствувате депресија, болка, губење, но не се предавате. Тоа што се плашите не значи дека не сте храбри.

Храброст е да бидеш свесен дека животот не е совршен и можеби никогаш нема да биде, но и понатаму треба да го живееш.

Храброст е да сакаш некој, дури и неговите маани. Храброст е и да се сакаш себеси, со своите маани. И луѓето може да те изневерат, и ти самиот може да се изневериш, но храброст е да сакаш и покрај тоа. Да сакаш дури и кога чувствуваш како омразата ви дише во врат.

Храброста е еднаква со довербата. Доверба во време кога не си веруваме едни на други, време кога сите се лицемерни, кога љубовта се чини како нешто за што зборуваа само нашите баби и дедовци.

Храброст е оној бакнеж кој вели „сè ќе биде во ред“ и силната прегратка која порачува „тука сум за тебе.“

Моќта и силата не секогаш се храброст. Понекогаш најхрабрите потези се проследени со треперење.

Храброст е да ја подариш последната паричка од џебот, кога не знаеш на што ќе биде потрошена. Тоа е како кога ќе се препуштиш на некој, знаејќи дека може да те изневери, но сепак веруваш на добрината.

Понекогаш најхрабрата работа која можете да ја направите е да станете од креветот иако ве чека тежок ден. И да бидете подготвени истото да го направите и утре.

Не се прашувајте како да бидете храбри. Веќе сте.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
Први април: Наместо ден на шегата, се претвори во натпревар кој повеќе пари ќе потроши за правење ма... Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ н...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Мајко Македонијо, зошто ова ти го правиме? Зошто само лошо за тебе зборуваме, како грам љубов во срцето за тебе да немаме? ...
Детска искрена радост: Новогодишно пакетче под елката и Коледе со другарчињата од маало Кога јас бев дете, тоа коледарско утро не знаевме што е студ. Имавме само една м...
Жарко Димоски за CRNOBELO лексикон: „Удрив кола во бандера на 5 години“ „Обично не стигнувам да откачам во кафеана, зашто секогаш ме тераат да пеам, па ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg